„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Има места што човек ги памети цел живот, а Кенија е едно од нив. Кога сафарито ветува лавови, слонови и еден милион животни во движење низ истата рамнина, тешко е да не се вчудовидиш. Ова е континент што нема потреба да импресионира – едноставно постои во својата големина.
Најпознатата дестинација е резерватот „Масаи Мара”, 1.500 квадратни километри што ги продолжуваат рамнините на Серенгети. Од јули до октомври тука се одвива Големата преселба – над милион гнуа, придружени со стотици илјади зебри и газели, ја преминуваат реката Мара. Тоа е една од најголемите природни претстави на планетата, а балонот на топол воздух дава поглед што ниту еден екран не може да го долови.
Јужно, кон границата со Танзанија, се простира националниот парк „Амбосели” – место познато по своите огромни стада слонови. Токму тука настанува иконската слика: слонови што чекорат, а зад нив се крева Килиманџаро, највисокиот врв на Африка. Народот Масаи го нарекува „Ол Доињо Оибор”, белата планина. Името Амбосели пак доаѓа од збор што значи „солено и правливо место” – остаток од древно исушено езеро.
За оние што бараат нешто поинакво, езерото Накуру е едно од главните засолништа за носорози во Африка, каде и белите и црните видови се гледаат релативно лесно. Историски беше познато по розовите брегови преполни фламинга, иако денес нивното присуство се менува од сезона до сезона. Тука живеат и жирафите Ротшилд, биволи, лавови и леопарди.
Најдалеку на север, резерватот „Самбуру” изгледа сосема поинаку – црвен песок, трнливи акации и палми во инаку негостољубив предел. Тука има помалку возила и поинтимно искуство, а живее и таканаречената „Специјална петорка” на Самбуру: видови што не се среќаваат никаде во регионот. Домородниот народ Самбуру, близок на Масаите, и денес живее со добитокот заедно со дивиот свет.
Ова не е евтин одмор и не е за секого. Но кога Балканецот е навикнат на препознатливиот сон за море и плажа, вреди да се знае дека постои и друг вид патување – од оние што те менуваат, а не само што те одморат. Прашањето е само дали сме спремни да платиме за спомен наместо за загар.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Тренерот на Барселона е роден тука, а сопругата на 12 километри оттука. Град во кој секој четврти жител е студент,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.