„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Седум уапсени, претреси на 17 локации и над 100 запленети сервери. Тоа е билансот од меѓународната акција против мрежа за инвестициски измами преку интернет, во која учествуваше и Македонија. Штетата досега е проценета на над четири милиони евра, а потенцијални жртви се пронајдени во најмалку 50 држави.
Операцијата ја координираа Европол и Евроџаст, а ја предводеше Обвинителството во германскиот град Ицехое. Учествуваа органите на Германија, Кипар, Финска, Албанија, Израел, Косово и Македонија. Од македонска страна – Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР. Седуммината уапсени треба да бидат предадени на Германија.
Моделот е стар колку и интернетот, само подобро спакуван. Платформи кои ветуваат брза заработка од криптовалути, девизи и акции. Лажни брокери кои на екранот прикажуваат измислена добивка. Потоа постојан притисок врз жртвата да вложи уште, па уште. Според Европол, зад сето тоа стоела компанија поврзана со Кипар и Израел, која на криминалните групи им ги обезбедувала лажните веб-страници за тргување. Нешто како изнајмување на целата измама – „криминал како услуга“.
Делот што најмногу нè засега е друг. Истражителите идентификувале клиенти на таа компанија кои управувале со измамнички кол-центри во Албанија, Косово и Македонија. Тоа се луѓето кои ѕвонеле на жртвите и ги убедувале да ги предадат своите заштеди. Европол пишува дека личните податоци на потенцијалните жртви се собирале преку лажни онлајн огласи, а потоа им се продавале на групите што ги држеле телефонските центри.
Истрагата започнала уште во 2022 година, откако германски брачен пар пријавил дека не може да ги повлече парите вложени преку една ваква платформа. Следувале интервенции во 2022 и 2025 година, а доказите од нив ги довеле истражителите до компанијата во позадина. Брачниот пар не успеал да си ги врати парите, но неговата пријава на крајот ја отворила целата шема.
МВР учеството го нарече „уште една потврда за активниот придонес“ во борбата против организираниот криминал. Убаво звучи. Но кол-центрите не работат во подрум со свеќа – тоа се канцеларии, вработени, телефонски линии и плати. Колку долго работеле кај нас пред да ги забележи германски обвинител? И колку од седуммината уапсени се од Македонија? Тоа во соопштенијата засега не стои.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Една акциска контрола, 192 возачи над ограничувањето во населени места и петмина приведени за безобѕирно возење - меѓу нив и...
Во 9:40 пријава за тепачка меѓу малолетници покрај основно училиште. Во 13:30 службен разговор со 17-годишник кој претепал 18-годишник во...
57 отсто немаат лифт, 43 отсто немаат ни буџет за пристапност, а ниту една нема информации на Брајово писмо. И...
446.000 хектари, над двесте ендемски видови во Охридското Езеро и околу 455.000 жители. А Преспа губи вода, крајбрежјето на Охрид...
Музичка соба, Градска соба и соба за историјата на Офицерскиот дом, отворени во чест на хроничарот Александар Стерјовски. Убав гест...
Опозицијата го обвинува министерот за локална самоуправа за величење осуден воен злосторник, врски со српски разузнавачки структури и закани кон...
Над 10.000 грла добиток уништени, 400.000 дози вакцини од ЕУ стигнаа вечерта, а директорот на Агенцијата си поднесе оставка. Неговиот...
Судот прифати хипотека на недвижен имот проценет на 1.140.781 евро и Перпарим Бајрами излегува од притвор пред да истече законскиот...
По 50 литри дожд во Демир Капија, од среда стабилно и суво време. Во сабота и недела утрата ќе бидат...
Трите скопски општини основани во 1976 го прославија јубилејот со гости од Белград и Сараево, стипендии и ора. Градоначалникот на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.