„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Државниот завод за ревизија го објави извештајот за ЖРСМ Транспорт за 2024 година, а првиот дел звучи како попис во музеј. Од 62 локомотиви, во функција се девет – помалку од 15 отсто. Од 16 патнички гарнитури возат пет. Од 47 патнички вагони, во редовен сообраќај се користат два.
Кај товарниот превоз не е подобро. Од 1.382 товарни вагони, само 378 имаат важечка ревизија. Останатите 1.004, или речиси 73 отсто, се надвор од сообраќај затоа што им истекол задолжителниот технички преглед. Дизел-локомотивите од серијата 661 во просек се постари од 60 години, електричните од 35. Според ревизорите, причините се познати: недоволни инвестиции во одржување, ненавремени поправки и хроничен недостиг од пари.
А парите се посебна приказна. Во 2024 година компанијата направила загуба од 331,8 милиони денари, околу 5,4 милиони евра. Годината пред тоа – 759,4 милиони денари, околу 12,3 милиони евра. На крајот на 2024 акумулираната загуба стигнала до 6,75 милијарди денари, или приближно 110 милиони евра. Загуба има во секоја година од анализираниот период, од 2014 до 2024.
Гудвил од 119 милиони евра
Најчудниот наод е во билансот. Таму со години се води таканаречен гудвил од 7,32 милијарди денари, околу 119 милиони евра – сметководствена ставка што вообичаено настанува кога една компанија купува друга. Ревизорите утврдиле дека нема основа тој да биде признаен како нематеријално средство. А токму таа ставка чини речиси 79 отсто од вкупно прикажаните средства од околу 9,3 милијарди денари. Со други зборови, најголемиот дел од „богатството“ на железницата постои само на хартија.
Остатокот од извештајот не е полесен за читање. Дури 71 отсто од залихите, вредни 342,3 милиони денари или околу 5,5 милиони евра, се постари од 2019 година и не се вредносно усогласени. Со горивото се ракувало несоодветно и небезбедно, опремата за мерење е застарена, импровизирана и подложна на манипулации, а пумпите подолго време не биле баждарени. ДЗР дал неповолно мислење и за вистинитоста на финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето со законите.
Компанијата одговара дека постапува „со целосна институционална одговорност“, дека од јули 2024 спроведува финансиска и оперативна стабилизација и дека мерките се дел од Акцискиот план 2026-2027. Значаен дел од наодите, велат, имаат „долгогодишен и системски карактер“.
Точно, системски. Токму тоа е проблемот. Единаесет години по ред загуби, а секое раководство го наследува „долгогодишното“ од претходното и го предава на следното. Кој одговараше за сето тоа во меѓувреме? И дали Акцискиот план ќе стигне на шини пред да застане и последната од деветте локомотиви?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Редици пред банкоматите во Битола, картички заглавени во апаратите, плати во јавниот сектор под прашалник. Депозитите се осигурени до 30.000...
Во едната пратка - пестицид забранет во ЕУ, во другата - остатоци над дозволеното. Земјоделците се сомневаат во политика, но...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
До 30.000 евра парите се сигурни ако банката пропадне, над тоа штедачот станува доверител во стечај. А додека банката е...
Собранието ќе ја испитува Алта банка, откако власта ги тргна зборовите „измама на граѓаните“. СДСМ потсети дека насловот е препишан...
Владината делегација беше во Северна Рајна-Вестфалија и кај Дојче Телеком во Бон и најави нови инвестиции. Единствените конкретни бројки од...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.