Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, градоначалникот на Кичево Александар Јованоски и директорката на Општата болница Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светската банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција изнесува околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра.
„Кичево со децении се соочува со несоодветни болнички услови. Време е овој проблем да добие трајно и функционално решение“, изјави Андовски. Целта, според него, е граѓаните да добијат сигурна здравствена грижа во својот град, а здравствените работници современи услови за работа.
Клучниот збор е „со децении“
Најискрената реченица во целата објава ја кажа самиот заменик-министер. Не станува збор за нова потреба која се појавила лани. Станува збор за проблем што трае толку долго што влезе во официјалната реторика како нешто нормално, како временска прогноза.
Новиот комплекс, според концептот, ќе располага со современи простории за дијагностика, болничко лекување и ургентна нега, системи за медицински гасови и енергетски ефикасни решенија. Болницата ќе опслужува не само Кичево, туку и населението од околните места, со што треба да се намали потребата пациентите да патуваат во Скопје, Охрид и Битола.
Тоа патување е сржта на приказната. Кога болница нема капацитет за нешто посериозно, пациентот тргнува кон Скопје – и растојанието станува медицински фактор. За ургентни состојби, тоа не е непријатност. Тоа е ризик.
Од концепт до болница
Овде треба да се биде прецизен за тоа што вчера се случи. Не е потпишан договор. Не е распишан тендер. Не е ставен камен-темелник. Разгледан е концепт, во присуство на делегација на Светската банка – што сугерира дека финансирањето сè уште се обликува.
Од Министерството за здравство наведуваат дека новата болница треба да стави крај на долгогодишната неизвесност. Тоа е точно – ако се изгради. Списокот на најавени болнички проекти во Македонија е подолг од списокот на изградени.
22,5 милиони евра за град кој со децении чека е сериозна бројка и добра вест. Дали ќе биде и болница, ќе се знае по првата ископана дупка, не по првата презентација.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.