„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Едно истражување на американскиот центар Pew Research ја измерило работата што сите ја претпоставуваа, но никој не ја броеше: колку од интернетот повеќе не го пишува човек. Одговорот, за страниците објавени по ноември 2022 година, кога излезе ChatGPT, е 35 отсто. Секоја трета нова страница на мрежата носи јасни траги дека ја составила или темелно ја преработила машина.
Методот е доволно едноставен за да се провери. Од архивата Common Crawl биле извлечени околу половина милион страници на англиски јазик од последниве пет години, намерно земени и од периодот пред ChatGPT да постои. Потоа низ нив била пуштена алатката на Open Pangram, која проценува дали текстот е машински. Во случајна проба од 10.000 страници собрани во јули годинава, 10 отсто покажале значајни знаци на вештачко авторство. Но тука се и стари страници, напишани кога вакви алатки немаше. Кога Pew ги отстранил постарите и останале само оние по ChatGPT, бројката скокнала на споменатите 35 отсто.
Каде живее машинскиот текст
Разделбата по домени е делот што кажува најмногу. Комерцијалните .com адреси покажуваат вештачко авторство околу десет пати почесто од .edu и .gov, кои се држат на околу еден отсто. Организациите со .org се на 4,6 отсто. Со други зборови: таму каде што текстот се пишува за да се продаде нешто или да се фати клик, машината веќе ја презеде смената. Таму каде што некој потпишува со свое име и институција, сè уште не.
Извештајот доаѓа неколку недели откако Cloudflare соопшти дека сообраќајот од ботови го надминал оној од луѓе, и тоа побрзо отколку што самата компанија предвидуваше. Составете ги двете мерења и добивате слика која е потешка отколку што звучи: ботови што читаат страници напишани од други ботови. Човекот во таа размена е сè повеќе изборен.
Pew сама признава дека мерењето не е совршено. Pangram, како и секоја алатка за детекција, знае погрешно да означи човечки текст како машински. Но на скала од половина милион страници, насоката тешко се доведува во прашање, дури и ако точната бројка се помести за неколку проценти.
Интересен е и списокот на ситни навики што пораснале со годините: подолгите црти, оксфордската запирка, конструкцијата „не е Х, туку У”. Ништо од тоа само по себе не е доказ. Но кога цела мрежа почнува да пишува со ист ритам и исти маниризми, разликата меѓу десет извори и еден извор станува козметичка.
Прашањето што останува не е технолошко. Ако третина од новото на интернет го составила машина обучена врз постарото на интернет, што точно ќе учат следните модели? И кога некој следната година ќе бара одговор на нешто банално, дали ќе го најде она што некој навистина го знаел, или само она што добро се римува со сè друго напишано во меѓувреме?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.