Осуденик почина од струен удар во „Идризово“: Кој ја постави жицата под напон што секој можеше да ја допре?
31.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
30.08.2026
29.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
30.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
30.08.2026
29.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
31.08.2026
30.08.2026
30.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
31.08.2026
30.08.2026
29.08.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Септември почнува како продолжение на август. Според прогнозите, во првите денови од месецот температурите во Скопје ќе се движат околу 34-37 степени, а можно е на 1 и 2 септември да достигнат и до 37.
Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер. Во вторник, 1 септември, максималната температура во Скопје ќе достигне околу 35-36 степени, а утринската ќе биде околу 19-22. Во среда се очекува околу 33-36, а во четврток температурите би се спуштиле до околу 32-33 степени.
Првото вистинско освежување доаѓа во петок, 4 септември – утринските температури во Скопје би се движеле околу 13-18 степени, а дневните околу 31-33. За викендот, пак, повторно пораст: во сабота околу 32-35, а во недела повторно до 36 степени.
Метеоролозите не ветуваат заладување
Српскиот метеоролог Недељко Тодоровиќ вели дека летото ќе продолжи барем во следните две недели, со температури над просекот и недостаток на врнежи.
„Значи, надпросечно топло, суво во повеќето денови, со релативно високи температури, 30 и повеќе. Може да падне еден или два степени под 30 степени во некои денови, а просечната максимална температура за крајот на август и самиот почеток на септември е 26 степени“, рече тој.
Тука е бројката што сè кажува: просекот за овој период е 26 степени. Ние гледаме 36. Тоа е десет степени над она што климатолошки би требало да биде нормала за крајот на август.
Тодоровиќ беше искрен и за тоа што не знае: „Не би сакал баш да измислувам. Немам аргументи. Според инерцијата на системот што преовладува во нашиот регион речиси два месеци, ова се мали премини, слабо изразени студени фронтови кои носат многу малку облаци и многу малку врнежи, и се од локален карактер.“
Реченица што не се слуша често од човек чија работа е да прогнозира.
Есента доаѓа – но на рати
Според долгорочните модели, промената би требало да стане поочигледна во втората половина од месецот. Дневните температури постепено би се спуштале, а утринските и ноќните вредности би станувале сè пониски. Кон крајот на септември минималните температури во Скопје во одредени денови би можеле да паднат до околу 8-10 степени.
Климатските просеци за Скопје покажуваат дека типичните дневни максимуми во текот на септември се спуштаат од приближно 29 степени на почетокот кон околу 23 на крајот. Значи, самиот месец е спуштање – само што годинава почнува од многу повисока точка.
Училишната година почнува во вторник, во ден кога живата се качува кон 36. Тоа е контекстот во кој ќе се отвораат вратите на училниците – многу од кои без клима, во згради градени за друга клима од оваа.
И додека сè уште гори на Пелистер, две недели без врнежи не се само непријатна прогноза. Тоа е сув терен и ветер, во земја која ова лето веќе покажа колку брзо тргнува од искра до национален парк.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Едно летно невреме е доволно да остави град од над четириесет илјади луѓе без вода за пиење на неопределено време....
Хеликоптер фрлил 28 тони вода, булдожери сечат пресеци, а огнот се враќа со секое затоплување. Две институции истиот ден дадоа...
Падот на наталитетот не ја објаснува целата бројка - децата што годинава тргнуваат на училиште се родени кога сè уште...
Колоната на грчка страна се протега од патарината до преминот. На Меџитлија се чека десетина минути - ако имате трпение...
Дел од пругата работеше на дрвени прагови од 1959 година. Сега возот ќе оди 80-90 наместо 20-30 на час. Осум...
СДСМ тврдеше дека автобусот останал без гориво - возилото оди на метан, што физички го исклучува тоа. Но зошто горниот...
Охрид под жолтеникав слој прашина, максимум од 35,3 степени. Институциите повторно советуваат да не се излегува меѓу 11 и 17...
Пожарот од Макази ја премина границата на националниот парк и изгоре дел од боровите насади. Директорот на ДЗС соопшти дека...
Бдението започна во 21:30 и траеше до пладне следниот ден. Полн храм, три хора и луѓе од цела земја -...
Дванаесет задржани на лекување. Директорот Елези тврди дека нема ниту епидемија ниту труење и дека бројките се на ниво од...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.