КОЈ ЈА ПУШТИ АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА КОНТРОЛИРА И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ?
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Околу 340 милиони денари, односно приближно 5,5 милиони евра. Толку чинеше прославата на 35-годишнината од независноста. Од тоа само 40 милиони денари се пари од приватни компании – остатокот е од „Државна лотарија“, државна компанија, значи пари на граѓаните.
Неформалната граѓанска иницијатива „Мегафон“ поднесе барање до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Народниот правобранител за итна проверка на целата постапка: планирањето, финансирањето, изборот на организаторите и исплатите.
Прашањето што ја отвора целата приказна
Зошто јавниот повик не бил спроведен преку системот за јавни набавки, туку според Законот за спонзорства и донации? Разликата не е формална. Јавната набавка значи објавени критериуми, конкуренција и документација достапна на секој граѓанин. Спонзорството значи – многу помалку од тоа.
И резултатот е соодветен: на повикот пристигнала само една понуда, од „Стардаст“ ДООЕЛ, поврзано со брендот „Авалон“. Една понуда за 340 милиони денари.
Постои и конкретен сомнеж за судир на интереси. Член на комисијата што ја разгледувала понудата подоцна бил ангажиран како автор на оркестрации и учесник во програмата. ДКСК веќе има отворен предмет токму за тоа – за можен судир на интереси на Николче Мицевски, кој бил во комисијата што го избра предлогот на „Стардаст“, а потоа се јави како автор на оркестрациите во концертот на Хозе Карерас.
Но тој предмет е тесен, и тоа е клучното
Отворениот предмет на ДКСК не е ни за „Државна лотарија“, ни за Владата, ни за потрошените народни пари. Тој е само за едно име и една функција.
Од Скопското обвинителство, пак, велат дека истрага сè уште не е покрената, но дека се гледаат регулативите – дали раководството смеело тие средства да ги дава каде било.
„Ние за етика и за судир на интереси не сме. Си има Антикорупциска комисија за тоа. Без разлика чии се парите – дали се на државата односно на граѓаните или не, Обвинителството гледа дали компанијата во случајов ‘Државна Лотарија’ има право да располага со нив, или не“, изјавија од Обвинителството.
Државниот јавен обвинител Ненад Савески по седницата на Советот на јавни обвинители рече дека секоја ситуација се анализира и дека ако се утврдат основи, ќе се постапи. „Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата“, додаде.
Она што недостасува
„Мегафон“ бара увид во договорите со домашните и странските изведувачи, фактурите, анексите, подизведувачите и конечните исплати – документи што не се објавени целосно. Бара и да се провери дали клаузулите за доверливост штитат легитимни деловни податоци или се користат за прикривање износи од јавен интерес.
Од Народниот правобранител се бара да утврди дали со необјавувањето е повредено правото на граѓаните на транспарентно управување со јавните средства.
Иницијативата експлицитно нагласува дека не тврди оти е извршено кривично дело. Бара проверка. Тоа е разлика што вреди да се задржи – обвинувањето и барањето за увид не се иста работа.
Прославата беше за 35 години независност. Логично би било документите за неа да бидат првото нешто што една независна држава го покажува без да ја молат.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Корупцијата е распространета, изборните реформи стојат, а за Уставот „не биле направени обиди“. Меѓу сето тоа, Брисел нашол место и...
Опозицијата го обвинува министерот за локална самоуправа за величење осуден воен злосторник, врски со српски разузнавачки структури и закани кон...
ДУИ ја зеде Брвеница, а за ВМРО-ДПМНЕ резултатот е „повеќе од одличен“ - иако и коалицискиот партнер ВЛЕН се најде...
Правилата се добри, службите не соработуваат, па да ги избришеме правилата. Опозицијата прашува зошто Советот за координација не се состанал...
Опозицијата најавува интерпелација и бара истрага, гувернерот одговара со „Јасно е сега?“. До кога важи лимитот, сè уште не е...
Мицкоски брои 1.200 гласа раст од првиот круг, но Брвеница ја нема. „Сами против сите“ звучи добро додека не се...
Опозицијата тврди дека предупредувала со месеци, премиерот се потпре на контролите на Народната банка. Некој ја процени банката што влезе...
На 1 ноември Софија го бира шефот на државата. На дебатата се водеше кавга за тоа кој ги заслужува заслугите...
На завршниот митинг зборуваше за обединување и за институции што му служат на граѓанинот. Потоа од бината ги посочи судиите...
Архиереј на телевизија ѝ посака на една партија долговечност на доживотен претседател и ги обвини новинарите за финансиски интерес. Имиња...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.