Собранието двапати ја одби електронската нараквица за насилниците, сега граѓаните собираат 10.000 потписи
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
07.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
08.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кога средуваме соба, погледот застанува на висина на очите. Ѕидови, мебел, текстил, лампи – а горе, речиси секогаш, бела површина што никој не ја забележува. А доволно е да ѝ смениш боја, да ја покриеш со тапет или да ја обложиш со дрво за целата просторија да добие друга димензија.
Таванот одлучува како ја чувствуваме собата. Ако се обои во иста боја како ѕидовите, просторот станува обвиткувачки и потопол. Посветол тон го прави повисок и поширок. Шара му дава главна улога. И покрај сето тоа, во огромно мнозинство станови кај нас таванот останува бел затоа што така го затекнале – не затоа што некој одлучил така.
Најевтината одлука: продолжи ја бојата од ѕидот
Наједноставниот потег е бојата од ѕидот да не запре на спојот со таванот. Во една од понудите долниот дел е одвоен со фриз од бели плочки, а горниот дел е обоен во праска-тон што продолжува и преку таванот. Резултатот е обвиткувачки, а промената на материјалите изгледа интегрирано наместо накалемено. Истиот принцип работи и со тапет: во една младинска соба два тапета – еден со цвеќиња и еден со вертикални линии – се комбинираат така што линиите продолжуваат по таванот и визуелно ја креваат висината. Клучот е двата да делат барем една заедничка боја.
Мурал горе, не на ѕид
Зошто муралите да бидат само на ѕидовите? Во една дневна соба дизајн во иста хроматска гама како остатокот од просторот е ставен на таванот. Детаљот што ја прави разликата меѓу добро и аматерски изведено е како е решен спојот меѓу ѕидот и таванот – тука се употребени лајсни што го врамуваат муралот. Слична логика работи и во бања: таванот зема еден од тоновите што веќе се присутни во подот. Ако го правите тоа дома, користете боја наменета за влажни простории и добро подгответе ја површината; перлива боја подоцна се одржува многу полесно.

Дрво, и тоа што личи на дрво
Дрвото е најбрзиот начин да се добие текстура и топлина. Во еден проект голема арка обложена со даб ги поврзува главните простории, а истиот материјал е пренесен и на спуштените тавани, каде мазната обвивка се менува со летви што внесуваат ритам и ред. Ако природното дрво не влегува во буџетот – а во повеќето домаќинства не влегува – постојат тапети што го имитираат прилично верно, и акустични панели што ја комбинираат летвичестата естетика со апсорпција на звук. Тоа второто е посебно корисно во отворени простори каде звукот отскокнува.
Осветлувањето влегува во таванот
Спуштените корита во таванот овозможуваат да се обликува површината и осветлувањето да се вгради дискретно. Можат да бидат по периметарот, централни, линиски, непрекинати или наменети за една конкретна зона. Во нив обично се става ЛЕД-лента, така што изворот на светлина останува скриен, а светлината се шири индиректно. Во еден проект е избрано големо централно корито со правоаголна форма и заоблени агли – и тоа истовремено служи за визуелно да се одвои еден дел од дневната соба.

Или ништо – гола конструкција
Не секој таван бара обвивка. Во еден проект бетонската конструкција останува видлива и станува главна карактеристика на просторот. Тоа функционира во современи станови, индустриски ентериери и реконструкции каде намерно се задржува дел од карактерот на зградата. Видливиот бетон внесува текстура и извесна неправилност, што може да се урамнотежи со дрво, текстил, тапацирани парчиња или топло осветлување. Но пред да се одлучите, проверете ја состојбата на конструкцијата и како се изведени инсталациите – ова е единствената идеја од списокот што бара сериозно планирање.
Греди, фрески и еден тренд што има име
Видливите дрвени греди добиваат уште поголем карактер кога просторот меѓу нив е обложен со растителни влакна. Во еден проект во Бали внатрешната обвивка е од ратан, како дел од спој меѓу традиционалната балиска архитектура и современ медитерански пристап. Кај нас истиот принцип со трска постои со векови по старите куќи – само што таму не се викаше тренд. На другиот крај од спектарот е замок на француската Азурна Обала, каде оригиналните фрески на таванот се реставрирани при реновирање на кујната. Ако нема фрески за враќање, декоративната боја може да го долови истиот ефект.
А последната идеја е онаа што најмногу се шири: „color drenching“, техника каде ист тон оди на ѕидовите, таванот и дел од мебелот. Во една дневна соба маслинесто зелена боја покрива сè и создава рамномерна позадина на која белите лајсни, дрвениот мебел и посветлите парчиња излегуваат многу посилно. Не е потребна реконструкција, не е потребен мајстор. Потребна е една кофа боја и одлука дека таванот е исто така ѕид.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Софата и полиците на модули, трпезариската маса и фотелјата во едно парче. Домот се менува со нас, а мебелот обично...
Розови ѕидови, лајсни и врати, тепих со леопардова шара, кукли по полиците и бања во која Елвис гледа од секој...
Не ти треба камин ни вила за соба во која ќе сакаш да останеш. Десет проекти од шпански студија покажуваат...
Посвоена во Барселона, на 19 години заминала во Холандија, а денес живее во зграда што требало да стане станови. Мијалник...
Индустриски челик, зен-дневна и наследен винил на полица. Најважниот предмет во куќата не е купен.
Повеќето од нас нема да живеат вака, но три од решенијата на студиото Paolo Frello & Partners работат и во...
Пред мајсторите да урнат сè, провери што крие станот. Подовите, штуко-украсите и старата столарија често не можат да се заменат...
Поранешниот тенисер го купи Кромликс во 2013, на врвот на кариерата. Десет соби, пет апартмани, капела, езеро со пастрмки -...
Даб, минималистичка кујна, бања како спа и песочни тонови. Шпанската дизајнерка објаснува зошто новоградбите личат на каталог - и што...
Потекнува од Радзивилови, пораснала во комунизмот и научила да преправа сè. Куќа од 18 век без минимализам и без ниту...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.