„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кога продукциската куќа Particle6 Group ја претстави Тили Норвуд како првата вештачки генерирана „глумица“, приказната беше дека Холивуд добива конкуренција што не спие, не бара хонорар и не се разболува. Оваа недела ја пуштија на прва турнеја со медиуми – достапна за 75 интервјуа истовремено – и работата не тргна баш како што беше најавено.
Во снимен разговор со британскиот водител Пирс Морган и глумецот Том Конти, Норвуд одеднаш почна да зборува кинески. Конти прашуваше нешто сосема обично – дали и другите глумци во филмот се генерирани од компјутер. Норвуд почна да одговара, застана на средина, па повеќе од десет секунди зборуваше на јазик што никој во студиото не го бараше.
Морган го постави прашањето што се постави само: „Изгледа дека зборуваш кинески сосема случајно, без никаква причина. Зошто го направи тоа?“ Одговорот беше во жанрот на извинувања што веќе добро ги познаваме од чет-ботови: „О, извинете. Изгледа имав мала пречка таму. Навистина не сакав да почнам да зборувам кинески ниту да го имитирам Пирс. Понекогаш жиците малку ми се вкрстуваат, знаете.“
Седумдесет и пет интервјуа наеднаш е самата поента. Ниту еден жив глумец не може тоа, и токму затоа бројката беше рекламата. Проблемот е што истата бројка ја открива и разликата: човек кој дава едно интервју одговара на она што го прашале. Систем кој дава 75 паралелно нема кому да одговори – тој произведува реченици што личат на одговори.
Постои и можност дека провалите биле дозволени намерно, затоа што од нив се пишува. Тоа е вообичаена сметка во оваа индустрија: лошата демонстрација носи повеќе наслови од добрата. Но ако е тоа стратегијата, вреди да се види што точно се продава – производ чија најгласна карактеристика е дека не функционира како што тврди рекламата.
Под забавниот дел седи посериозно прашање. Систем што доволно верно имитира човек може да наштети кога ќе го користи некој со лоша намера. Тили Норвуд не е таков систем – нејзиното водење разговор е чудно лошо за нешто што се најавува како замена за професионални глумци. А тоа е нејзината вистинска функција за сега: не да глуми, туку да биде најавена.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.