Пуштен по 3,23 промили, 29 часа подоцна повторно зад воланот со 3,50: Битолчанец дури тогаш заврши во притвор
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Лиска, Душко, Светле, Симба, Белка, Поко, Ноли и Шарка. Тоа не се бројки во евиденција, туку имиња што ги знае цела маала. И сите, според Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, исчезнале од улиците на Прилеп во септември.
Граѓаните од населбата Точила се обратиле до здружението затоа што никој не им кажувал каде се нивните кучиња. Лиска, мирно и социјализирано куче што го чувала маалата, според сведоштвата била заловена на 17 септември. Граѓаните веднаш отишле во прифатилиштето со намера официјално да ја вдомат. Лиска не била таму. Според луѓето што биле внатре, кафезите биле празни – иако претходните денови било забележано заловување кучиња низ градот.
„Каде се кучињата? Кој ги заловувал и каде се однесени?“, прашуваат од „Анима Мунди“. Според нив, дел од исчезнатите кучиња веќе биле стерилизирани и имале ушни маркици, а за некои постојат информации дека имаат сопственици.
Здружението од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп побарало евиденција за сите заловувања и транспорти меѓу 1 и 23 септември: локации, прием во прифатилиштето, ветеринарен третман, вдомување или враќање на терен. Информации се побарани и од Агенцијата за храна и ветеринарство, која веќе извршила вонреден инспекциски надзор, како и од МВР и Општина Прилеп.
Според „Анима Мунди“, чистењето на една локација од познати и стерилизирани кучиња всушност отвора простор за нови, нестерилизирани кучиња што никој во маалата не ги познава. Со други зборови, ако ова било контрола на популацијата, таа работи наопаку.
„Анима Мунди“ потсетува дека секое куче во системот за контрола на популацијата мора да биде третирано според Законот за заштита и благосостојба на животните – и дека кучињата не можат едноставно да исчезнат без евиденција. Ако „Комуналец“ има евиденција, зошто досега не ја покажал? А ако нема, кој тогаш одлучувал за судбината на Лиска?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот вели дека ургенциите престанале по неговата „бурна реакција“. Доказот за тоа засега е само неговиот збор, а полициските возила...
Конкурс во 2020, „завршена прва фаза“ во 2024, обраснати патеки во 2025. Во ноември 2026 градот повторно ветува дека паркот...
Парно, печки на дрва, електрични автобуси, контрола на индустријата. Мерките ги знаеме напамет од секој претходен план. Новото е катастарот...
Првиот контејнер стои пред „Коле Неделковски“. Ако децата научат да ја одвојуваат облеката, можеби ќе ги научат и родителите.
Долгови од 2007 година, камати до 100 отсто и сметка што не се одблокира. Градоначалникот се фали со успеси, опозицијата...
Од 2014 година се затворени 35 радиостаници, а од 19 весници и списанија, 16 излегуваат во Скопје. Кога во речиси...
Воздухот во Скопје секоја година ги пробива дозволените нивоа, иако загадувањето за десет години се намалило за 40 до 50...
Камери во полициските возила, на црните точки и во уште три града. Речиси шест од десет снимени прекршоци се на...
Хлорот ќе ги убие бактериите, но нема да одговори како стигнале до чешмите - ниту колку долго жителите ја пиеле...
Румена Бужаровска го нарекува скандал во време на протести против фемицидите. Градоначалникот Лукровски вели дека општината не го организира изборот,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.