„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Авионот на Air Serbia на летот JU134 полета од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во вторник во 18:48, со правец Москва. Стигна до југот на Литванија, близу до границата со Белорусија – и се сврте назад. Во Белград слета околу 22 часот, по повеќе од три часа во воздух, дочекан од полиција и специјалци. Причината, според авиокомпанијата, бил еден патник.
Тој патник, барем според неофицијалните информации на српските портали, е Александар Вулин – поранешен српски министер, еден од најблиските соработници на поранешниот претседател Александар Вучиќ и со години еден од најистакнатите проруски политичари во Србија.
„Колеги, дојдовте ли по мене?“
Вулин потврди дека бил во авионот, но тврди дека за сè дознал дури кога се разбудил. „Јас спиев во авионот, се будам и ми велат дека сме во Белград, гледам, се собрала полиција, специјалци…“, раскажа тој. Полицајците, според извештаите, ги поздравил со прашањето: „Колеги, дојдовте ли по мене?“
Вели дека заедно со другите патници повторно поминал безбедносна проверка, па уште еднаш сам. „Апсолутно ништо нелегално не е најдено кај мене, затоа што ништо и не можеше да има“, порача тој и додаде дека се надева наскоро да полета, „ако не најдат начин да ме спречат да одам во Москва, а тоа легално не можат“. Во Русија, тврди, не патува како турист, туку службено – да се бори за продолжување на гасниот аранжман меѓу Србија и Русија. Вулин од мај 2025 година е претседател на Надзорниот одбор на Србијагас.
Кој ја заобиколил контролата?
Тука приказната станува поинтересна. Според неофицијални информации, Вулин се качил во авионот без пропишаната безбедносна проверка, а некој наводно му помогнал да ја заобиколи процедурата. Милан Куч, директор за корпоративна безбедност на аеродромот и поранешен припадник на елитната воена единица „Кобри“, подоцна ги прегледал снимките од камерите, ја забележал неправилноста и наредил враќање на авионот. Има и тврдења дека неговиот багаж не поминал противдиверзиска контрола. Ништо од ова надлежните служби не го потврдија.
Air Serbia потврди само дека авионот е вратен поради дополнителни безбедносни проверки на еден патник, без да го именува. Компанијата побрза да нагласи дека за контролата на патниците и багажот одговараат аеродромските служби, а не екипажот. Превод: не гледајте во нас.
Во авионот, според истите извори, биле и директорот на Србијагас Душан Бајатовиќ и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Сите тројца со години се поврзани со власта на Вучиќ, а ги поврзуваат и блиските односи со Русија. Опозицискиот лидер Срѓан Миливојевиќ веднаш праша: „Кој тоа вечерва со летот во 18:30 бега во Москва?“ Доказ дека се работи за бегство засега нема.
Во еден момент летот на Flightradar24 го следеле повеќе од 12.000 луѓе – најследен лет во светот. Ако некој навистина поминал покрај аеродромската контрола затоа што е „свој“, вистинското прашање не е каде летал Вулин, туку кој му ја отворил вратата. И колку често некој воопшто ги гледа тие снимки?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Марко Кричак е уапсен една недела откако Вучиќ ги загуби изборите, иако истрагата, вели обвинителот, почнала уште во мај. Балканот...
Настрешницата уби 16 луѓе и покрена лавина што ја собори власта на Вучиќ. Студентите имаат програма од 1.200 страници, а...
Во сабота НБРМ велеше дека Алта Битола е посебен субјект, во недела воведе привремена управа. Српска банка падна неполна недела...
Пред изборите - „против санкции“. По изборите - „ќе одлучат граѓаните“. Еврокомесарката вели дека без усогласување со ЕУ тешко дека...
Со години студентите ги немаше на екранот на јавниот сервис. Сега РТС се извинува „за сè што е изоставено“ -...
Република Српска платила лобисти блиски до Трамп, а правосилно осудениот Додик сега наводно оди на гала во Флорида. Кога судбината...
Пред партијата признава „бахатост и ароганција“, а во продолжение на говорот новата власт ја вика талог и тиња. Балканот има...
Хронологија На 29 октомври претседателот на Демократската партија на Србија, Срѓан Миливојевиќ, поднел кривична пријава против гувернерката Јоргованка Табаковиќ поради...
Една недела пред гласањето поразот на студентите му беше историски настан. Откако падна Вучиќ, Додик ја кажа мудроста на Република...
Од 30 декември Црногорците без виза нема да влегуваат во Русија. Подгорица го направи потегот што го бара ЕУ, Москва...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.