Skip to content

АЛТА БАНКА: ЖРТВА ИЛИ РАЗУМНА ОДЛУКА

1 мин. читање
Сподели
АЛТА БАНКА: ЖРТВА ИЛИ РАЗУМНА ОДЛУКА

Хронологија

На 29 октомври претседателот на Демократската партија на Србија, Срѓан Миливојевиќ, поднел кривична пријава против гувернерката Јоргованка Табаковиќ поради сомневања поврзани со конверзија и трансфер на средства во странство.

На 30 октомври Народната банка на Србија вовела привремена мерка со која бил оневозможен платниот промет на АЛТА банка.

Народната банка на Србија на 31 октомври 2026 година, во сабота, соопшти дека на седница на Извршниот одбор е донесена одлука за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка.

Информацијата на социјалната мрежа X била објавена меѓу два и три часот по полноќ, според „Форбс Србија“.

Постои основа да се постави прашањето дали Јоргованка Табаковиќ, гувернерката на Народната банка на Србија, со одземањето на лиценцата на АЛТА банка се обидува да ја заштити  сопствената одговорност.

Табаковиќ е на чело на Народната банка на Србија непрекинато од август 2012 година, односно повеќе од 14 години и целата кариера и е изградена врз политика.

Дали на 27 октомври Табаковиќ одобрила конверзија на 50 милиони евра на банка за која Народната банка веќе знаела дека има сериозни проблеми со ликвидноста?

ИНТЕГРИТЕТОТ НА РАКОВОДИТЕЛОТ СЕ МЕРИ СО ДОСЛЕДНОСТА НА ОДЛУКИТЕ!

Вистинскиот раководител се препознава по интегритетот, принципиелноста и доследноста на своите одлуки, а не по наглите промени на ставовите под притисок на јавноста или заканата од кривична одговорност.

Случајот со АЛТА банка отвора сериозни прашања за работењето на Народната банка на Србија и нејзината гувернерка Јоргованка Табаковиќ.

Како е можно финансиска институција, која до неодамна силно се позиционираше и на македонскиот пазар, практично преку ноќ да остане без лиценца?

Ако проблемите постоеле подолго време, зошто не се реагирало порано? Ако се појавиле одеднаш, што точно се случило?

Државните институции не смеат да функционираат според политичките околности, туку според законите и принципите.

Затворањето банка не е обична административна одлука. Тоа е сериозен удар врз довербата во финансискиот систем.

Интегритетот не се докажува со затворање институции, туку со навремено, доследно и одговорно постапување.

Кои одучиле:

Име и презиме Функција
Јоргованка Табаковиќ Гувернерка и претседателка на Извршниот одбор
Жељко Јовиќ Вицегувернер
Ана Ивковиќ Вицегувернерка
Драгана Станиќ Вицегувернерка
Никола Драгашевиќ Вицегувернер

Четворицата вицегувернери денес, 31 октомври, побарале од обвинителството да ја испита евентуалната кривична одговорност на одговорните лица во Народната банка на Србија!