„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во хотелската зона на Канкун, меѓу Карипското Море и лагуната Ничупте, стојат пет огромни пирамиди. Не се од времето на Маите – тоа е Paradisus Cancún, одморалиштето на Meliá Hotels International, кое архитектурата ја позајмува од старите маиски градби. Хотелот неодамна повторно се отвори по целосна реновација на апартманите и заедничките простори.
Бројките се од оние што се пишуваат во каталог: 773 соби и апартмани со поглед на морето или на лагуната, девет места за јадење, седум барови, продавница за сладолед и кафе-катче. Новите ресторани се Vibra, гурмански ресторан во динамична атмосфера, и Kao, со современа јапонска кујна, а обновени се Sal, Capella и Agua Marina – месо, италијанска кујна и мексикански морски плодови. Има и јукатанска кујна, за оние што сакаат да не заборават каде се наоѓаат.
Новиот збор во хотелот е велнес. Концептот се вика Wellness Designed by Destination и вклучува Longevity Suite за опоравување и одмор, третмани за лице FACE SPAce by Comfort Zone, јога со терапија со црвена светлина и теретана YHI Moves отворена 24 часа – со пилатес, функционален тренинг, танц, аква-фитнес и „звучни бањи“ – па спининг и ледени бањи. Денот, според замислата, почнува со јога покрај морето, продолжува со опуштен појадок и завршува со вечера во мексикански или јапонски стил.
Скептикот ќе праша зошто некој лета преку Атлантикот за да седне во ледена када. Одговорот лежи надвор од рецепцијата. Програмата Destination Inclusive носи работилници за мексикански занаети, изработка на темјан од копал, традиционална музика и танц, и дегустации на текила и вина. А надвор од хотелот чекаат Исла Мухерес со плажата Плаја Норте, маиското наоѓалиште Ел Реј во самата хотелска зона, Тулум со урнатините над морето и целодневна екскурзија до Чичен Ица.
За семејствата има Family Concierge, воден парк Aquazone со тобогани, детски клуб Kidsdom и спортски бар. Целата приказна е спакувана така што гостинот никогаш не мора да излезе од оградата – што е и најголемата замка на ваквите одморалишта. Пирамидите во хотелот се убави. Оние во Чичен Ица се вистински.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Тренерот на Барселона е роден тука, а сопругата на 12 километри оттука. Град во кој секој четврти жител е студент,...
Од 80 кули останаа нешто повеќе од дваесет, палатата во која се родила кралицата што го испрати Колумбо денес е...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.