РЕВИЗИИ 2025–2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На 17 октомври, во подводната пештера Врело во кањонот Матка, полскиот нуркач Бартломиеј Питала се спушти на 338 метри. Со тоа Врело стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Советот на Град Скопје сега го прогласи за почесен граѓанин на Скопје.
Ова е една од ретките вести оваа недела што не бара толкување. Експедицијата „Врело 2026“ траеше од 10 до 17 октомври, со 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија. Претходниот рекорд од 287 метри е надминат за 51 метар, а според податоците за експедицијата, рекорди се поставени во три категории: најдлабоко истражена пештера од човек, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко длабинско нуркање на отворени води. Врело сега е пред Фонт Естрамар во Франција и Елефанте Бјанко во Италија.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го нарече подвигот „огромна можност“ повеќе туристи, истражувачи и љубители на природата да го посетат Скопје. „Од денес, нашиот град е и негов“, порача тој. Убав гест – и заслужен.
Но тука почнува вистинската обврска. Врело е споменик на природата, а во образложението на Градот стои дека пештерата е од особен интерес за меѓународната спелеонуркачка заедница. Самиот град, во објавата за признанието, ја нагласи и обврската за зачувување на природното богатство.
Матка ја посетуваат многу луѓе и без светски рекорд. Ако рекордот донесе уште повеќе, прашањето е дали кањонот е подготвен – со патека, паркинг, отпад и заштита што ќе издржат. Питала ја заврши својата работа на 338 метри длабочина. Градот својата ја има на површина.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ревизорските извештаи објавени во 2025 и 2026 година откриваат загрижувачка слика за функционирањето на македонските институции. Од железницата, преку енергетиката,...
Анализа за машка плодност во Битола не се прави од пред шест години. Паровите патуваат во Охрид и Прилеп или...
Податоците ги објави самиот Коњановски, откако советниците побараа седница. Во објавата барањето го нарече и ширење страв.
Млади од шест општини дојдоа со детални предлози. Од соопштението на Општината дознаваме дека планот постои, но не и што...
Мерката важи за прв дом до 120 квадрати, за парови и самохрани родители до 40 години. За младите што бараат...
Средногодишниот просек паднал за половина, но ниту една од скопските мерни станици во извештајот не е под законскиот максимум. ИЈЗ...
Од 9 до 16 ноември: топол јужен ветер со удари до 70 километри на час, дожд и можна прашина од...
Пред само 14 месеци српската Алта банка доби дозвола да ја преземе Стопанска банка Битола. Денес матичната банка во Србија...
Македонските железници се соочуваат со сериозна финансиска и инфраструктурна криза, додека државата продолжува да троши десетици милиони евра за проекти...
Помалку од една дланка. Толку останува меѓу денешниот водостој на Охридското Езеро и границата под која не смее да падне.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.