30 дена притвор за навивачот што онесвести дете пред „Јане Сандански“: како две навивачки групи се најдоа токму на влезот?
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Минималните месечни трошоци за живот на едно четиричлено семејство во Македонија во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што претставува зголемување од 921 денар во споредба со декември, покажуваат најновите податоци на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, минималните трошоци драстично растат и достигнуваат 81.788 денари месечно, што за огромен број граѓани е недостижна сума со сегашните примања.
Од вкупните минимални месечни трошоци, 24.211 денари се потребни само за храна и пијалоци, додека за основни режиски трошоци – струја, вода, греење, комуникации и одржување – биле потребни 6.338 денари.
Овие бројки, според синдикатите, јасно покажуваат дека и најосновните потреби стануваат сѐ потешко достижни за семејствата, особено за оние кои живеат од минимална или просечна плата.
ССМ предупредува дека сегашната минимална плата не ги покрива ниту половина од реалните животни трошоци, поради што бара нејзино зголемување на 600 евра, како и раст на сите останати плати во државата.
„Минималната плата мора да обезбеди достоинствен живот, а не преживување. Денешните трошоци покажуваат дека граѓаните се притиснати меѓу ниски плати и постојано поскапување“, порачуваат од ССМ.
Поради континуираниот раст на трошоците за живот и отсуството на соодветна реакција од институциите, ССМ најавува протести во наредниот период, доколку не се преземат конкретни чекори за заштита на животниот стандард на работниците.
Синдикатите бараат итни мерки, социјален дијалог и политики кои ќе ги следат реалните економски услови, а не статистичките просеци.
Најновите 10 вести од оваа категорија
До 30.000 евра парите се сигурни ако банката пропадне, над тоа штедачот станува доверител во стечај. А додека банката е...
Собранието ќе ја испитува Алта банка, откако власта ги тргна зборовите „измама на граѓаните“. СДСМ потсети дека насловот е препишан...
Владината делегација беше во Северна Рајна-Вестфалија и кај Дојче Телеком во Бон и најави нови инвестиции. Единствените конкретни бројки од...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Тројца соученици од Стенфорд ја продаваат идејата дека ВИ може да трупа искуство како вработен. Nvidia е и инвеститор и...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Во сабота банката пишуваше дека клиентите слободно располагаат со своите пари. Во недела им дојде лимит, а рокот до кога...
Малите нарачки од Кина во Унијата поскапуваат, а по царината од три евра доаѓа надоместок од две. Брисел ги брои...
Цените на становите во Унијата скокнаа 69 проценти за една деценија, а во Грција кирија и сметки голтаат над 40...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.