Skip to content

Димитриевски: Интересот на Филипче е само неговата партиска фотеља – СДСМ е во криза

1 мин. читање
Сподели

Максим Димитриевски, лидер на движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, изјави дека опозициската СДСМ се наоѓа во сериозна политичка и кадровска криза, а дека голем дел од нејзините активности е насочен кон напади врз ЗНАМ.

“Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља. Наместо сериозна опозициска политика, СДСМ денес се занимава со внатрешни расправии и лични интереси, поради што многу чесни членови се повлекуваат или ја напуштаат партијата” – изјави Димитриевски.

Тој нагласи дека разочарани членови на СДСМ се приклучуваат на ЗНАМ, но движењето внимателно ги проверува новите членови за да гради стабилна политичка сила. Во врска со случајот на поранешниот потпретседател на Владата Артан Груби, Димитриевски ја критикуваше одлуката за домашен притвор, нарекувајќи ја “преседан кој го поткопува довербата во правосудниот систем”. Тој нагласи дека лице со меѓународна потерница треба да биде во истражен притвор, а не дома.

Во однос на евентуалната реконструкција на Владата, Димитриевски посочи дека не се одвиваат конкретни разговори, нагласувајќи задоволство со работата на министрите на ЗНАМ во областите на реформите и владеењето на правото.