Skip to content

Собранието утре гласа за Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

1 мин. читање
Сподели
Собранието утре гласа за Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Собранието утре треба да гласа за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. За изборот се потребни најмалку 61 пратенички глас.

Савески, кој моментално е судија во Основниот кривичен суд во Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март. Роден е во 1976 година, живее во Гостивар и е магистер по правни науки со фокус на кривичното право од Правниот факултет „Јустинијан Први” при УКИМ.

Од 2016 година работи како судија во Одделот за организиран криминал и корупција. Претходно бил јавен обвинител од 2009 до 2016, а правен соработник во Гостивар од 2004 до 2009 година.

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четири кандидати: Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристовска, Савески и Лидија Рајчевиќ. Владимир Панчевски беше оценет како неподобен поради недоволно работно искуство.

Кандидатурата на Савески следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски во декември. В.д. обвинителката Тополова-Исајловска не може да остане на позицијата подолго од шест месеци.