Украл автомобил па го паркирал во двор - полицијата го привела
25.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Администрацијата на Доналд Трамп му доставила на Иран план од 15 точки за ставање крај на конфликтот, при што бара едномесечно примирје за да се разговара за предлогот, пренесуваат светските медиуми повикувајќи се на израелскиот “Канал 12”.
Првите пет точки од планот се однесуваат на нуклеарниот сектор. Вашингтон бара Иран никогаш да не се обидува да се здобие со нуклеарно оружје, да го предаде целото збогатено нуклеарно гориво на утврден датум, како и да бидат демонтирани неколку клучни нуклеарни објекти.
Иран ќе треба да се откаже од поддршката за групи како Хезболах и Хамас, да престане да ги финансира и вооружува. Предвидени се и ограничувања за бројот на ракети со кои земјата може да располага и за нивниот дострел.
Дополнително, Хормушкиот Теснец низ кој минуваат околу 20 проценти од светските испораки на фосилни горива, ќе мора да остане отворен за пловидба.
Барањата биле доставени преку посредство на Пакистан, кој одржува добри односи со двете страни. Портпаролот на иранските вооружени сили за планот вели дека Американците всушност преговараат сами со себе, додавајќи: “Некој како нас никогаш нема да се смири со некој како вас”.
Коментарите доаѓаат откако Трамп рече дека Иран “толку очајно” сака договор и дека им дал на САД “многу голем подарок вреден огромна сума пари”.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Данската премиерка Мете Фредериксен победи на изборите со најслабиот резултат на Социјалдемократите за повеќе од век, а центристите ќе одлучуваат...
Ирански воен портпарол ги отфрли американските мировни напори, тврдејќи дека САД преговараат сами со себе и дека нивната стратешка моќ...
Иран соопшти дека непријателски пловила можат да минуваат низ Хормушкиот Теснец доколку се координираат со иранските власти, но американски и...
Трамп тврди дека преговорите со Иран се во тек, но иранските официјални лица ги негираат, додека САД распоредуваат 1.000 елитни...
Голема експлозија ја потресе рафинеријата Валеро во Порт Артур, Тексас, во период кога цената на нафтата ги надмина 100 долари...
Филипините прогласија вонредна состојба во енергетскиот сектор и планираат увоз на руска нафта за прв пат во пет години поради...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Иран се согласил никогаш да не поседува нуклеарно оружје, нагласувајќи дека преговорите се во...
Саудиска Арабија и ОАЕ се на прагот од воено вклучување против Иран, додека повеќе од 20 земји потпишаа заедничка изјава...
Американскиот претседател тврди дека разговарал со нови луѓе во Иран, додека иранската страна категорично негира какви било контакти со Вашингтон.
Севернокорејскиот лидер предупредува на немилосрдни последици и го потврдува нуклеарниот статус на земјата, зголемувајќи го буџетот за 5,8 проценти.