Skip to content

Трамп се закани дека ќе ја суспендира поддршката за НАТО

1 мин. читање
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата земја нема обврска да го поддржува НАТО, изразувајќи фрустрација што европските сојузници одбиле да обезбедат конкретна поддршка за САД во конфликтот со Иран кој трае речиси еден месец.

„Зошто би биле со нив ако тие не беа со нас?”, запраша Трамп за време на инвестицискиот форум во Мајами, Флорида.

САД не ги консултираа сојузниците пред ударите врз Иран минатиот месец, а европските земји цврсто одбиваат да учествуваат во конфликтот. Трамп ова го толкува како фундаментален пресврт во билатералните односи.

Американските медиуми анализираат дека изјавата покренува сериозни прашања за подготвеноста на Трамп да го почитува членот 5 од НАТО договорот – клаузулата за колективна одбрана која предвидува дека напад врз една членка е напад врз сите.

Трамп дополнително ја критикуваше Германија зашто не придонесува во напорите за обезбедување на Хормушката Теснина, а германскиот канцелар Фридрих Мерц му возврати обвинувајќи го за „масовна ескалација” на конфликтот.