Skip to content

Ковачевски призна дека СДСМ ја губи битката – од партијата не му одговориле

1 мин. читање
Сподели

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски признал дека му пишал на партиското раководство на СДСМ за да ги извести дека ќе гостува на телевизиска емисија, но од партијата не му одговориле.

„Им пишав, ама не ми вратија”, изјави Ковачевски низ смеа за време на интервјуто, потврдувајќи ги тензиите внатре во најголемата опозициска партија.

Ковачевски во емисијата признал дека СДСМ ја губи битката и дека партијата не може да се врати ни на второ, а камоли на прво место во блиска иднина. Оваа изјава предизвика бурни реакции и коментари дека центар-левицата е целосно распарчена.

Инцидентот ги потврдува сомневањата за длабоки внатрепартиски поделби и недостаток на комуникација меѓу поранешното и актуелното раководство на СДСМ.