Skip to content

Маѓар на власт, Груевски на удар: Фирма во Будимпешта, санкциона листа и можна екстрадиција

1 мин. читање
Сподели

Петер Маѓар победи, Орбан паѓа – а со него може да падне и азилот на Никола Груевски. Новиот мађарски лидер уште за време на кампањата најави дека ќе ги „испорача” ВИП-бегалците на Орбан, меѓу кои е и поранешниот македонски премиер.

Груевски побегна во ноември 2018 после осудителни пресуди. Скопје испрати барање за екстрадиција уште истата година, дополнето во јуни 2019. Будимпешта го одби во август 2019, повикувајќи се на правната рамка за заштита на политички азиланти. Сега, со Маѓар на власт, таа рамка може да се промени.

Имотот во Унгарија

Груевски не седел скрстени раце. Во јули 2021 основа фирма I.C.I.C. Kft. во Будимпешта – „бизнис консалтинг, трговија со порцелан и средства за чистење, храна и пијалаци, менаџирање со имот, рекламирање и односи со јавност.” До 2022, фирмата регистрираше уште десет дејности. Приходот? 10.500 евра во 2024. Фирмата се нашла и на санкционата листа на американскиот Трезор.

Правда сега ги собира документите за можна екстрадиција. Неколку сценарија се на маса: формална екстрадиција, одземање на азилот и протерување, или – најмалку веројатно – Груевски сам се враќа. Скопје зборува, Будимпешта одлучува. Но овојпат, по првпат од 2018, атмосферата во Будимпешта не е на страна на бегалецот.