Голем дел од Центар, Чаир и Гази Баба без вода во сабота: целодневен прекин поради санација на дефект
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
19.06.2026
14.04.2026
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Случајот со седумте студенти на магистерски студии на Филозофскиот факултет отвори многу поголемо прашање од самото отпишување. Откако Државниот просветен инспекторат утврди дека тие биле запишани без да ги исполнуваат законските услови – наместо 240 ЕКТС кредити од академски студии имале 180 од стручни – факултетот им го прекина статусот.
Но тука не треба да заврши приказната . Дали претходно имало запишани кои завршиле, ова отвара сомнеж дека и во минатото студенти со исти или слични „недостатоци“ можеби биле запишани и можеби успешно ги завршиле магистерските студии.
Станува збор за сериозен системски пропуст – или свесно игнорирање на законските критериуми. Прашањето е едноставно: како е можно институција да запише студент без услови, да му наплати школарина, да му дозволи да студира, а потоа – да утврди дека не бил подобен?
Уште посериозно, дали некој веќе има магистерска диплома стекната под истите околности? И ако има – дали тие дипломи се валидни или ќе следуваат нови поништувања?
Одговорноста во ваков случај не може да се префрли само на студентите. Тие аплицираат, но институцијата е таа што проверува, одобрува и запишува. Доколку има пропуст, тој е институционален.
Случајот со отпишаните студенти не смее да остане изолиран инцидент. Потребна е реакција од целиот државен апарат – од инспекциските служби до надлежните министерства – и итна, сеопфатна проверка на сите факултети. Особено ако се знае дека слични сомнежи за незаконити уписи постоеле и претходно, вклучително и на Академијата за судии и јавни обвинители. Ако системот еднаш ( двапати ) дозволил вакви пропусти, тогаш прашањето не е дали има уште случаи – туку колку се и каде се кријат.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Чувствителен процес во преводот на обичен јазик значи дека сите се пазарат. Прашањето е дали реконструкцијата носи подобри луѓе или...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Возила на странска амбасада запалени среде бел ден во центарот на градот. Ако заштитата затаила овде, каде уште затајува -...
За секоја солза на израелска мајка, илјада либански мора да плачат, изјави Бен-Гвир. Аритметика на одмаздата што поткопува мировен договор...
Ниту таа ниту Италија никогаш никого не молат за ништо, порача Мелони. Балканот ја знае напамет динамиката во која малите...
Ако никој не се занимава со малите шеми, тие стануваат образец. Прашањето е дали постапката ќе заврши со пресуда или...
Идентитетот не се брани со говори на собири, туку со економија и млади луѓе што остануваат во земјата.
Кога еден сосед бира помеѓу Брисел и Москва според дневните интереси, малите земји околу него го плаќаат данокот.
Како Скопје ќе го пречека маршот утре кажува повеќе за нас отколку за заедницата што марширала.