Skip to content

Два бронзени медали од Москва: Македонските хемичари блеснаа на Менделеевата олимпијада

1 мин. читање
Сподели

Македонската репрезентација по хемија се врати од 60-тата Меѓународна Менделеева олимпијада во Москва со два бронзени медали. Даниел Христов од Штип и младата Теона – која стана првата девојка со медал за Македонија на ова натпреварување.

На олимпијадата учествуваа ученици од десетици земји, а Македонија покажа дека може да се натпреварува на највисоко ниво – барем во хемијата.

Додека политичарите дебатираат за пасоши и техничка влада, децата носат медали. Прашањето е: дали некој ќе им обезбеди лаборатории и менторство кога ќе се вратат – или ќе добијат само честитки на социјалните мрежи?