Skip to content

Балет Магнификат во Скопје на 17 април – хуманитарен концерт за настраданите од пожарот во Кочани

1 мин. читање
Сподели

Балет Магнификат, професионална балетска компанија од САД, доаѓа во Скопје на 17 април со хуманитарен концерт во МКЦ „Фросина” за помош на настраданите од пожарот во Кочани.

Целиот приход од билетите е наменет за жртвите – за медицинска нега, физикална терапија, советување и поддршка на семејствата. Иницијативата „Љуби Кочани” ја води пастор Венко Наков и Евангелската црква во Кочани.

Балет Магнификат е позната по своите светски талентирани уметници кои комбинираат врвна уметност со инспиративни приказни. Турнејата опфаќа три града – Скопје (17 април), Штип (20 април) и Кочани (22 април).

Билетите чинат 500 денари и се достапни преку karti.com.mk. Почеток во 19:00 часот.