РЕВИЗИИ 2025–2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Основниот суд во Куманово му изрече доживотен затвор на 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане. Виновен е за четири убиства и два обида за убиство на жени, извршени од јануари 2025 до февруари 2026 година. Претседавачот на судечкиот совет го нарече еден од најсериозните и најгрозоморните случаи во поновата историја на македонското судство.
Жртвите биле претежно повозрасни, немоќни жени што живееле сами. Според пресудата, Бојковски со месеци ги демнел, ги напаѓал и ги убивал. Селата на мапата се Клечовце, Драгоманце, Челопек и Старо Нагоричане. На рочиштето на 28 септември тој призна три убиства, а четвртото го негираше. Обвинителот Љубомир Лапе како клучен доказ ги наведе ДНК-трагите, а психијатриското вештачење укажа на висок ризик од повторување. Бојковски има 15 дена за жалба.
Пресудата не одговара за мртвопроверителите
Пресудата го затвора делот за човекот што убивал. Не го затвора делот за системот што со месеци не забележал дека се убива. Обвинителството сега прибира податоци за двајца доктори – мртвопроверители од Куманово. Кај дел од жртвите тие првично не утврдиле насилна смрт. Телата биле погребани без обдукција и без да се извести дежурниот јавен обвинител.
Тоа значи дека жртви биле закопани без обдукција, додека убиецот бил на слобода и продолжил да демне низ соседните села. Еден од обидите во Челопек пропаднал само затоа што жената успеала да повика помош. Колку прегледи на лице место се прават „по рутина“, со потпис и без поглед?
Засега нема одлука дали против лекарите ќе биде покрената кривична постапка. Обвинителството треба да утврди дали станува збор за професионален пропуст или за нешто повеќе. Доживотната казна е одговор за Бојковски. Одговорот за празнината низ која тој поминувал сè уште го нема.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ревизорските извештаи објавени во 2025 и 2026 година откриваат загрижувачка слика за функционирањето на македонските институции. Од железницата, преку енергетиката,...
Пари, документи, нотарска канцеларија и менувачница. Обвинителството меѓу делата наведува и несовесно работење во службата - кој во оваа приказна...
Мерките му биле доставени на 19 октомври. На 3 ноември таа беше мртва. Кој проверувал дали забраната воопшто се почитува?
Шеснаесет градови, 14 приведени и една реченица што лесно се прескокнува: евидентирани се случаи на непочитување на изречените заштитни мерки.
Анализа за машка плодност во Битола не се прави од пред шест години. Паровите патуваат во Охрид и Прилеп или...
Податоците ги објави самиот Коњановски, откако советниците побараа седница. Во објавата барањето го нарече и ширење страв.
Млади од шест општини дојдоа со детални предлози. Од соопштението на Општината дознаваме дека планот постои, но не и што...
Брисел ја пофали надворешната политика и Планот за раст. За корупцијата пишува дека напредок нема, а за судството - закони...
Опозицијата набројува нули од извештајот, власта одговара со лични напади. Корупцијата и празните судиски места останаа без збор.
Мерката важи за прв дом до 120 квадрати, за парови и самохрани родители до 40 години. За младите што бараат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.