Пуштен по 3,23 промили, 29 часа подоцна повторно зад воланот со 3,50: Битолчанец дури тогаш заврши во притвор
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
11.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Државата отвора лов на лажни боледувања, а во ловот влегува и полицијата. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека има „големи злоупотреби со боледувањата“ и во јавниот и во приватниот сектор, дека полицијата ќе дава поддршка и дека при тоа ќе се почитуваат човековите права. Како точно – не кажа. Кога новинарите го прашаа за најавата на Фондот за здравство за заеднички контроли со МВР, одговори дека изјавата не ја слушнал.
Иронијата е во бројките. Единствениот конкретен доказ за размерот на злоупотребите што институциите досега го покажаа доаѓа токму од МВР. По барање на самото министерство, Фондот за здравствено осигурување во втората половина на 2025 година проверил 80 вработени во полицијата со вкупно 514 боледувања. Неправилности биле најдени кај 29 од нив. Од 514 боледувања, 100 биле неправилно или неуредно издадени. Еден вработен за година и половина четирипати го сменил матичниот лекар за да врзува последователни боледувања со различни дијагнози.
Што се менува
Директорот на Фондот, Златко Перински, најави дека матичниот лекар ќе може самостојно да отвора боледување до пет, наместо досегашните седум дена. Сè што трае подолго ќе оди низ построга електронска евиденција и лекарски комисии. Најавени се и проверки на домашна адреса – по пријава од работодавач или по случаен избор. Ако осигуреникот не биде затекнат дома, ќе мора пред лекарска комисија да објасни каде бил. Контролите ќе се прават и во соработка со УЈП и МВР.
Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека има „инфлација на боледувања“, дека некои се издаваат и по телефон и дека пет дена се сосема доволни. „Има ситуации во кои луѓе кои се на боледување, на инстаграм објавуваат фотографии од одмор во Италија“, рече тој и додаде дека моделот е споредуван со Словенија. Но, истиот министер призна дека контролата на движењето на болниот денес не е уредена со закон и дека за тоа е потребен закон.
Тоа е клучната реченица во целата приказна. Се најавуваат упади во домовите на болните, со полиција како партнер, а правната основа за контрола на движењето, според самиот министер, допрва треба да се направи. Кој ќе одговара ако контролорот тропне на погрешна врата?
Кој всушност чини пари
Лекарите по општа медицина се против кратењето на пет дена, бидејќи за многу дијагнози тоа не е доволно. Потсетуваат и на нешто очигледно: човек на боледување не мора постојано да биде дома, оди на терапија или на преглед.
Погледнете ги и бројките на Фондот. Само во август биле исплатени 623,1 милиони денари за надоместоци поврзани со боледувања. Од нив, 414 милиони се породилни отсуства – нешто што никој не го нарекува злоупотреба. За сите останати боледувања остануваат околу 209 милиони. Злоупотребите треба да се сечат, и примерот од МВР покажува дека ги има. Но кога мерката се сведува на пет дена за сите и полиција на вратата, прашањето е дали се лови измамникот или се плаши болниот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот вели дека ургенциите престанале по неговата „бурна реакција“. Доказот за тоа засега е само неговиот збор, а полициските возила...
Конкурс во 2020, „завршена прва фаза“ во 2024, обраснати патеки во 2025. Во ноември 2026 градот повторно ветува дека паркот...
Парно, печки на дрва, електрични автобуси, контрола на индустријата. Мерките ги знаеме напамет од секој претходен план. Новото е катастарот...
Првиот контејнер стои пред „Коле Неделковски“. Ако децата научат да ја одвојуваат облеката, можеби ќе ги научат и родителите.
Долгови од 2007 година, камати до 100 отсто и сметка што не се одблокира. Градоначалникот се фали со успеси, опозицијата...
Од 2014 година се затворени 35 радиостаници, а од 19 весници и списанија, 16 излегуваат во Скопје. Кога во речиси...
Воздухот во Скопје секоја година ги пробива дозволените нивоа, иако загадувањето за десет години се намалило за 40 до 50...
Камери во полициските возила, на црните точки и во уште три града. Речиси шест од десет снимени прекршоци се на...
Хлорот ќе ги убие бактериите, но нема да одговори како стигнале до чешмите - ниту колку долго жителите ја пиеле...
Румена Бужаровска го нарекува скандал во време на протести против фемицидите. Градоначалникот Лукровски вели дека општината не го организира изборот,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.