КОЈ ЈА ПУШТИ АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА КОНТРОЛИРА И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ?
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Компанијата Cloudflare, преку чиишто сервери минува голем дел од светскиот интернет-сообраќај, најави правило што ги допира директно големите играчи во вештачката интелигенција. Од 15 септември 2026, таа стандардно ќе ги блокира таканаречените „мешани” веб-роботи од страниците што прикажуваат реклами – оние ботови што истовремено пребаруваат, дејствуваат како ВИ-агенти и собираат содржина за обука на модели. Правилото важи за нови клиенти, за нови страници на постојните клиенти и за сите бесплатни корисници.
Зад техничкиот јазик стои една проста борба за пари. ВИ-компаниите со години ги „чешлаат” туѓите текстови, слики и податоци за да ги хранат своите модели – без да платат ништо на оние што ја создале содржината. Cloudflare сега им става наплатна рампа. Придружните алатки го кажуваат тоа отворено: Pay Per Crawl, пазар преку кој сајтовите можат да наплаќаат од ВИ-ботовите за секое собирање податоци, и Pay Per Use, модел што наплаќа кога содржината создава вредност. Првите партнери се Ceramic.ai и You.com.
Бројките што ги наведува компанијата објаснуваат зошто воопшто дошло до ова. Ботовскиот сообраќај неодамна за прв пат го надмина човечкиот на интернетот – повеќе од половина од светот што ги посетува страниците веќе не се луѓе. Уште поостро: над 50 проценти од сообраќајот на ВИ-роботите оди на повторно преземање на страници што воопшто не се смениле. Со други зборови, серверите на издавачите ги плаќаат туѓите машини да го читаат истото одново и одново, без корист за никого освен за ВИ-компанијата.
„Сега кога поголемиот дел од сообраќајот на интернетот е нечовечки, мораме да одиме подалеку и да дејствуваме побрзо за да се создаде одржлив екосистем”, изјави Метју Принс, соосновач и извршен директор на Cloudflare. Целта, вели тој, е да ги натера мешаните роботи да го одвојат пребарувањето од ВИ-агентите и обуката – три работи што досега биле спакувани заедно токму за да не се знае кој што зема.
Има и една детаљ што открива кој е навистина на прицел. Според Cloudflare, Google Search има пристап до околу двојно повеќе информации од конкурентите – бидејќи неговиот робот истовремено пребарува и собира за обука, па тешко е да го блокираш едното без да го изгубиш другото. Ова е потег со кој малите издавачи добиваат оружје против неспоредливо помоќни противници. Дали ќе издржи притисокот на компании со буџети поголеми од цели економии, допрва ќе видиме – но за прв пат некој што ги држи цевките на интернетот застана на страната на оние што ја пишуваат содржината, а не на оние што ја земаат бесплатно.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Компанија основана во 2024, со производ лансиран минатото лето и агенти позајмени од Anthropic и OpenAI - сега е дел...
Веб-хостинг со околу 400.000 клиенти што плаќаат признава напад што траел од август. Колку се погодени? „Далеку под 10 отсто“...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.