„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Албанската ривиера, Црна Гора, Сардинија, Лион и Алгарве. Пет дестинации што во септември имаат исто време како во август, помалку луѓе и цени што одеднаш почнуваат да личат на нешто нормално. Две од нив се на неколку часа возење од Скопје.
Албанија: истото море, друга цена
Химара и Дхерми се јадрото – мали плажи стиснати меѓу планини, со вода низ која се гледа дното. Порто Палермо и Ксамил ја продолжуваат линијата надолу по крајбрежјето. Тоа е истото Јонско море што го гледаат и Грците од другата страна, само што нивниот дел го платил маркетингот, а албанскиот сè уште не.
Црна Гора: 117 плажи на 293 километри брег
Пет национални паркови на површина помала од Македонија. Маршрутата почнува во Котор, во ѕидините над најдраматичниот залив во Јадранот, продолжува низ Пераст – село од камен што стои директно на водата – и стигнува до средновековната тврдина на Будва. Свети Стефан е меѓу најфотографираните точки на цела Медитеранска обала.
Кој сака да излезе од брегот: излет со брод по Скадарското Езеро и националниот парк Ловќен, од чиј врв се гледа целиот залив одеднаш. За читател од Македонија ова е единствената дестинација од списокот до која се стигнува со кола, без аеродром и без чекање.
Сардинија: водата над 20 степени во септември
Во Алгеро морето во септември сè уште е над дваесет степени, што значи дека капењето не е акт на храброст. Најдоброто се гледа само од брод – излетите низ Заливот на Орозеи стигнуваат до Кала Голориче и Кала Мариолу, кои по копно практично не се достапни. Кај Капо Кача се Нептуновите пештери, а архипелагот Ла Мадалена е сопствена приказна. Од југ, Каљари е база за Кија, Виласимиус и Коста Реи.
Лион и Алгарве: две различни логики
Лион не е море. Тоа е град со авионски и железнички врски, стар центар под заштита на УНЕСКО, ренесансни улици во кои се влегува пеш, и традиција на јадење што има свое име – бушоните, малите ресторани каде менито не се менува со сезоните. Катедралата Сен Жан-Батист, базиликата Нотр Дам де Фурвиер со поглед на целиот град, римски театри и пазарот Ле Ал де Лион Пол Бокиз.
Алгарве работи спротивно: Тавира како база, долги песочни плажи, мали острови и мочуришта. Природниот парк Риа Формоза е лагуна со канали и солени полиња во кои птиците се главната претстава. Кацела Веља е збир бели куќи над самата лагуна – место што на фотографија изгледа измислено, а не е.
Сите пет го делат истото: во септември нудат речиси исто време како во август, а сметката е друга приказна. Прашањето е зошто одморот кај нас сè уште значи првите две недели од август, кога сите други се на истото место.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Тренерот на Барселона е роден тука, а сопругата на 12 километри оттука. Град во кој секој четврти жител е студент,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.