Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во водата од чешмата кај црквата во Белотино и од чешмата во центарот на Рич се пронајдени бактерии што укажуваат на фекално загадување. Тоа е наодот на Центарот за јавно здравје – Струмица, по микробиолошки и физичко-хемиски анализи. Двата примерока не ги исполнуваат условите од Правилникот за безбедност на водата.
Општина Струмица реагираше на најбрзиот можен начин: постави известувања дека водата не смее да се пие. Забраната ќе трае додека нови анализи не покажат поинаку. Од надлежните нагласуваат нешто важно – овие чешми не се поврзани со градската водоводна мрежа ниту со мрежите на другите населени места. Значи, проблемот е локален, ограничен, под контрола.
Освен што не е нов.
Втор пат за две години
Во февруари 2024 година Агенцијата за храна и ветеринарство забрани користење на водата во Рич, Белотино и уште три струмички села – тогаш поради недостиг од резидуален хлор, односно затоа што водата не била соодветно дезинфицирана. АХВ подоцна тврдеше дека Општина Струмица не постапила по решението и поведе прекршочна постапка.
Две години подоцна, истите две села, истите чешми, повторно неисправна вода. Разликата е што сега не станува збор за недоволен хлор, туку за фекални показатели. Тоа е чекор надолу, не нагоре.
Колку далеку е Струмица од Рич?
Рич е на околу 21 километар од градот, на 509 метри надморска височина. Белотино е на околу 16 километри, на 518 метри. По пат, зависно од каде тргнувате, се минуваат и до 25 километри до Струмица. Тоа се ридско-планински села во кои пристапот до основните услуги со години е отежнат – и во кои чешмата во центарот не е романтичен детал од селскиот живот, туку водоснабдување.
Известувањето на чешмата е точно она што институцијата може да го направи веднаш. Прашањето е што прави институцијата помеѓу двете забрани. Од февруари 2024 до јули 2026 поминаа речиси две и пол години. Ако редовната контрола е она што ги фаќа овие случаи, тогаш системот работи. Ако забраната доаѓа само откако некој ќе испита примерок по случајност, тогаш жителите на Рич и Белотино две години пиеле вода за која никој ништо не знаел.
Известувањето виси на чешмата. Одговорот на тоа прашање сè уште не виси никаде.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.