Skip to content

Ѓорѓиевски: Вардариште целосно ќе се затвори, на негово место доаѓа мега-парк

1 мин. читање
Сподели

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го најави она што скопјани го чекаат со години: Вардариште целосно ќе се затвори, а на негово место ќе се изгради нов мега-парк. „Започна процесот на одгасување, што води чекор поблиску до новите бели дробови на Скопје,” изјави тој.

Конкретно: од 22 дупнатини се собираат отпадните гасови, паралелно со темелно чистење на површината. Целта е целосна трансформација на депонијата во зелен простор.

Најавата доаѓа по пожарот на Вардариште пред неколку дена – по 7 месеци без инциденти. Пожарот беше потсетник дека депонијата сеуште е активна еколошка закана, независно од ветувањата.

Скопје слуша ветувања за затворање на Вардариште со години. Секој градоначалник имал „план.” Прашањето не е дали Ѓорѓиевски е искрен – прашањето е дали овој пат буџетот, рокот и реалноста ќе се совпаднат. Скопјани се научени на ветувања – верба е друга работа.