Брисел трета година пишува дека за воздухот нема напредок, а Лисиче лани имало 104 дена над границата за PM10 честички, при законски дозволени 35
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Сонцето, солта, хлорот и топлината ја оставаат косата со суви и оштетени врвови. Тоа е септемвриската сметка за јули и август и таа стигнува кај сите. Прашањето е само како се плаќа. Индустријата има готов одговор – маска, серум, ампула, третман – и тој одговор е скап и во голем дел закаснет. Фризерите имаат поинаков одговор и тој е бесплатен: ножици.
Тоа не значи збогување со долгата коса. Секој што ја пуштал со години знае колку тешко се откажува од неколку сантиметри. Постојат кроеви кои токму тоа го решаваат – го отстрануваат најоштетеното без да ја земат должината, а кај дел од нив разликата е повеќе во формата отколку во сантиметрите.
Најмалата интервенција е face framing – предните прамени се степенуваат и го врамуваат лицето. Тоа е делот што најмногу страда преку летото, а притоа е и делот што прв се гледа. Слична логика има и завесестата шишка: се отвора во средината и паѓа на двете страни, значи ја санира предната зона и подоцна може мирно да се пушти да расте назад.
Ако сакаш форма без да губиш должина, тука се долгите слоеви, крој срце и т.н. крој пеперутка. Кај кројот срце врвовите се обработуваат во заоблена форма, слична на латинската буква C – косата останува долга, но врвовите престануваат да изгледаат тешки и исушени. Пеперутката ги распоредува слоевите така што задниот дел ја задржува речиси целата должина, значи промената е во движењето, не во сантиметрите.
За похрабрите постои wolf cut и во верзија за долга коса: слоеви низ целата коса плус шишка, со многу движење и карактер, а должината останува недопрена. Помеката варијанта е shaggy – истата идеја, поблаго изведена, за оние што сакаат бунтовен детал без радикален потег.
Ако косата ти е тенка, логиката се превртува. Тука не помагаат слоеви туку blunt cut – прав крој без степенување, кој ја собира целата коса во чиста линија и создава чувство на густина. Кај кадравата коса истата улога ја има halo кројот, кој прави заоблена силуета околу главата, ја вади тежината од врвовите и им го враќа движењето на кадриците.
И ако си решена да го затвориш прашањето еднаш засекогаш, тука е миди должината. Пократка е од долга коса, но останува доволно разноврсна, а со еден потег го отстранува најголемиот дел од летното оштетување.
Логиката под сите десет е иста и вреди да се каже директно: оштетената коса не се поправа, таа се сече. Производите можат да ја направат помека и посјајна, ама не можат да ја вратат структурата на нешто што месеци се сушело на сонце и се капело во сол. Затоа овој список постои во септември, а не во јуни.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Наместо ретроспектива на дизајнерот отпуштен од Dior во 2011 година, Институтот за костими ќе ги слави основните парчиња од гардеробата....
Решавачка не е годината, туку процентот седи: со 50 до 60 отсто резултатот е најрамномерен. Фабиола Мартинез веќе ја пробала,...
Ана Падиља се омажи со кружен букет од бели кали што се носи на рака како накит. Тренд за невести...
На 28 ноември Париз повторно ги претставува дебитантките. Бабината модна куќа лани ја облече братучетката, а сега прашањето е дали...
Фризурата што во 1976 ја смисли за Џоана Ламли му ја обележа кариерата, а неговото име стана марка на рафтовите...
Се венчаа по љубов, прво во Стокхолм, па шест дена подоцна во Брисел. Девет години подоцна Астрид загина во сообраќајна...
Кралицата ја остави западната висока мода и облече традиционално кадифе од Карак, градот каде што девет луѓе загинаа во напад...
Најсилниот трик на CFDA 2026 речиси не чини ништо: руменило нанесено нагоре кон слепоочниците. Деми Мур на 63 години го...
Кира Најтли својот свадбен фустан го носела и пред и по свадбата, а Ема Стоун фустанот од свадбената забава го...
Од маицата со логото на Flash Gordon што сам го нацрта до плаштот од кадифе и хермелин по крунисувањето на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.