Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Три дена, еден парк и многу влажни носови. „Лајка Фест” во скопскиот Градски парк успеа да направи нешто што кај нас ретко се случува – да ги собере институциите и граѓаните околу проблем за кој обично сите се прават дека не постои: бездомните кучиња.
Манифестацијата, организирана од ЈП „Лајка” – Скопје, не беше само изложба на милерки за вдомување. Започна со панел-дискусија во Советот на Град Скопје, на која учествуваа претставници од Ветеринарниот факултет, Агенцијата за храна и ветеринарство, граѓански организации и експерти од Загреб, Сараево и Шпанија. Темите беа конкретни – стерилизација, одговорно сопствеништво и улогата на локалната власт.
Потоа следеа два дена интерактивна програма во паркот, со над 50 регистрирани учесници, повеќе од 20 спонзори и партнери, и голем интерес на семејства, деца и сопственици на миленици. Можност за едукација, но и за вдомување – бидејќи зад секое бездомно куче, како што се потсети на фестивалот, обично стои човечка неодговорност и напуштање.
И тука е поентата што вреди да се запомни. Проблемот со бездомните кучиња во секој македонски град обично се сведува на две крајности – или на бесконечно префрлање одговорност меѓу институции, или на повикување да се „реши” со најбрутален можен метод. Фестивал што наместо тоа нуди стерилизација, едукација и вдомување е редок пример на нормален, цивилизиран пристап. Прашањето е само дали ќе остане еднократен настан за добра фотографија – или навистина почеток на систем што го решава проблемот од корен.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.