Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Десет научници и функционери со пристап до најчувствителни нуклеарни и вселенски податоци – исчезнати или мртви од 2023 година. Америка, земјата со најсофистицираниот безбедносен апарат на планетата, не може да објасни што се случува со нејзините најпаметни луѓе.
Претседателот Трамп ја оцени ситуацијата како „многу сериозна” и најави детално испитување во наредните недели. Портпаролката на Белата куќа призна дека сè уште не консултирала разузнавачки служби за можни поврзаности меѓу случаите. Дали ова е нормален темп на реакција кога ви исчезнуваат луѓе кои знаат како да направат нуклеарно оружје?
Посебно внимание привлече исчезнувањето на пензионираниот генерал-мајор Вилијам Нил Мекозланд, кој исчезнал од својот дом во Ново Мексико под мистериозни околности – оставил лични предмети, а зел само оружје. Сличен образец се повторува и кај други случаи: научници и вработени во клучни институции, вклучувајќи ја Националната лабораторија Лос Аламос и НАСА, исчезнуваат без објаснување, оставајќи ги зад себе личните работи без никаква трага.
Во некои случаи станува збор за убиства. Астрофизичарот Карл Грилмајер и нуклеарниот физичар Нуно Лоурејро биле убиени во своите домови. Убиства на научници кои работат на најчувствителни државни проекти – а властите сè уште бараат „можни поврзаности”.
Експертите предупредуваат дека зад овие настани може да стои модерна шпионажа, со оглед на тоа дека сите жртви се поврзани со стратешки значајни проекти. Во ерата кога информациите се најмоќното оружје, научниците очигледно станаа мети – а прашањето е чии.
Официјални потврди за поврзаност меѓу случаите нема, но серијата на слични инциденти е премногу конзистентна за да биде случајност. Кога ви исчезнуваат луѓе од Лос Аламос, тоа не е локална крими-хроника – тоа е прашање на глобална безбедност.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Санкции воведени поради една војна се нудат како монета за сосема друг спор. Мнозинството членки се против - но за...
Ел Нињо во Пацификот ги поместува струењата што одлучуваат каде ќе падне снегот. Подрачје кое обично добива еден метар годишно,...
Најлесниот начин да се отфрли неудобен аргумент е да се покаже кој го кажува. Но од тоа сметката за струја...
Апелациониот суд одлучи целото судење да се повтори од почеток. Синот на норвешката кралица го чека тоа во имањето каде...
Трамп ги намали воените вежби за да ја смири тензијата, а од Вонсан пристигна одговор во форма на проектили. Што...
Санкционата листа доби продолжување од седум дена наместо од месеци, потег што и самите дипломати го нарекуваат без преседан. Две...
Швајцарија понуди маса за преговори за Украина, Москва одговори дека таа маса веќе не е неутрална откако Берн ги усвои...
Тестаментот вели едно, комитетот од дваесет и еден човек одлучи друго. Кралицата-мајка тврди дека војската ја повлекла стражата од палатата.
Земјата што со децении беше европски пример за стабилност денес има парламент поделен на два блока со разлика помала од...
Шеснаесет години на власт, пораз на редовни избори, пет месеци тишина - а сега изборниот резултат се преформулира во нешто...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.