Skip to content

Москва по падот на Орбан: Ова само ќе го забрза распадот на ЕУ

1 мин. читање
Сподели

Орбан падна, а од Москва веднаш стигна порака: ова нема да го спаси ЕУ, туку ќе го забрза нејзиниот распад. Кирил Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на Путин, не чекаше ни 24 часа.

„Ова само ќе го забрза распадот на ЕУ. Проверете за четири месеци дали сум во право”, напиша Дмитриев на мрежата X. Порака кратка, директна и доволно провокативна за да ги вознемири сите во Брисел кои мислеа дека победата на Маѓар е крај на проблемот.

Руската реакција дојде како одговор на коментарот на британскиот активист Томи Робинсон дека Унгарија „паднала” и дека „смртта на Европа продолжува”. Москва, значи, не жали за Орбан – туку веќе калкулира како неговиот пад ќе предизвика нови пукнатини во Унијата.

Бројките зборуваат

Петер Маѓар ја прогласи победата со 138 од 199 мандати – уставно мнозинство без преседан за опозицијата. Орбан го призна поразот, нарекувајќи ги резултатите „болни” за неговата партија ФИДЕС, која доби само 55 места. По 16 години на власт, една ера заврши.

Но дали Москва навистина губи со падот на Орбан? Или едноставно менува тактика – од пријател во Будимпешта кој штити, до наратив дека целата ЕУ се распаѓа? На Балканот го знаеме овој рецепт предобро.