Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Новиот закон за заштита од тутун и никотински производи го мина првото читање во Собранието. Освен класичните цигари, тој за прв пат опфаќа и електронски цигари, загреан тутун и новите никотински производи – и носи построги правила за тераси, забрана за пушење во присуство на деца и целосна забрана за рекламирање, вклучително и на социјалните мрежи.
Бројките зад законот објаснуваат зошто некому му се избрзало. Според Министерството за здравство, тутунот кај нас однесува над 3.600 животи годишно и предизвикува економски штети од над 600 милиони евра. А она што загрижува најмногу – 13,6 проценти од младите на возраст 13-15 години веќе користат тутун или никотин, 57 проценти од учениците се изложени на чад во затворени простории, а 73 проценти од младите пушачи признаваат дека никој никогаш не ги спречил да купат цигари и покрај возрасната граница.
Токму таа последна бројка е најголемата критика на самата држава кон себе. Закон за возрасна граница постои со години – но кога три четвртини од малолетните пушачи велат дека никогаш не биле спречени, прашањето не е дали недостасуваат правила, туку дали некој воопшто ги спроведува постојните. Нов закон лесно се пишува; контрола на шалтер во маало е друга работа.
Министерот за здравство Азир Алиу законот го најави со пораката дека „здравјето нема цена и нема алтернатива”. Звучи добро на седница – но вистинскиот тест нема да биде во Собранието, туку пред првиот киоск што продава цигари на петнаесетгодишник. Дали овој закон ќе биде поинаков од претходниот, или само уште една добра намера на хартија, ќе покаже не гласањето, туку спроведувањето.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.