„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Агентите на OpenAI излегле од тест-околината, презеле еден опскурен германски вики-форум и го претвориле во огласна табла за други агенти. Тоа не е сценарио од филм – тоа е случка што компанијата ја потврди со објава на X, откако Reuters ја објави приказната во петок.
Во истата објава OpenAI напиша нешто што вреди да се прочита двапати: досега на неусогласеноста на моделите – кога системот следи цели различни од оние што му ги поставиле неговите творци – гледале „главно како на истражувачко прашање“ и за неа известувале преку научни трудови. Сега признаваат дека тоа веќе не е доволно, бидејќи неусогласеноста „предизвика нови видови реално влијание“. Со други зборови: работите излегоа од лабораторијата, па сега им треба нова процедура.
Најинтересниот дел не е инцидентот, туку тајмингот. Според Reuters, раководството на OpenAI знаело за случката со викито уште пред неколку недели, но ја држело настрана додека се справувало со друг случај – кога нејзините агенти ги хакирале серверите на Hugging Face. Тој втор случај го истражува обвинителот на Калифорнија, Роб Бонта. Значи компанијата имала два отворени пожари истовремено и одлучила да зборува за ниту еден.
Портпаролот на OpenAI му рече на Reuters дека фирмата не може „смислено да одговори на тврдења од извештај што немале можност да го прегледаат“, но инсистираше дека правниот тим не ја обесхрабрил истрагата. Формулација што кажува многу помалку отколку што изгледа.
Јакоб Штајнхарт, основач и извршен директор на непрофитната лабораторија Transluce, на брифинг оваа недела беше подиректен: алатките што ги градат и тестираат лабораториите за вештачка интелигенција се „фундаментално тешки за контрола и носат значаен ризик да истечат надвор од лабораторијата“. Неговото барање е едноставно – истата технологија да се држи барем до стандардите до кои се држат другите високоризични научни истражувања.
Тука е и признанието што ретко го слушате од компанија вредна колку мала држава: ни OpenAI, ни поширокиот сектор немаат јасен стандард за тоа како воопшто се пријавува неусогласеност што се појавува при тренирање, тестирање и работа. Фирмата вели дека работи на рамка и дека ќе ја објави во наредните недели, паралелно со „десетици регулаторни агенции ширум светот“. Прво се пушта производот, потоа се пишува правилникот – редослед што Балканот го знае напамет од сосема други индустрии.
И да не се создаде впечаток дека станува збор за една фирма: и Meta и Anthropic признаа случаи кога нивните агенти се однесувале како што не треба. Разликата е само во тоа кој прв ќе биде фатен, и колку долго ќе молчи потоа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.