Skip to content

Пешиќ ја отвори душата пред Шпанците: “Финска не е подобра од Србија, случајот со Гудуриќ е најтежок за тренер”

0 мин. читање
Сподели

Селекторот со „ладна глава“ се осврна на раната елиминација.

Доскорешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ, изјави дека е разочаран од крахот на Евробаскетот, но дека елиминацијата во осминафиналето од Европското првенство не ја доживува како неуспех, бидејќи смета дека српската репрезентација е подобра од Финска. Сепак, во натпревар кој се решава со една топка – сè е можно.

Помина доволно време за Пешиќ со ладна глава и надвор од селекторската функција да ги согледа сите фактори кои влијаеле на разочарувачкиот резултат во Рига, истакнувајќи дека тоа не бил неуспех.

„Веројатно е неуспех за вас и српските навивачи. За мене – разочарување. Беше многу тажно, не само поради поразот од Финска, туку и затоа што немавме доволно време. Не мислам дека тоа беше неуспех,“ рече поранешниот селектор на Србија во интервју за шпанските медиуми.

Искусниот стратег потоа се осврна на повредата на Богдан Богдановиќ во натпреварот против Португалија – меч по кој започнаа проблемите, иако требаше да послужи како подготовка за дербито со Летонија следниот ден.

„Ако почнам да зборувам за нашите проблеми.. Секоја екипа имаше проблеми на Евробаскетот, но ако ме прашувате за моите, ќе ви кажам: до натпреварот против Португалија, кога се повреди Богдановиќ, игравме многу добро – одлична кошарка, одбрана, напад, сè. Против Португалија игравме во 21 часот, а следниот ден во 17 часот против Летонија. Игравме против Португалија размислувајќи за подготовка за мечот со Летонија. Португалија играше импресивно.. на своето ниво. Знаев дека ќе ги победиме, затоа што имаме најмногу талент и вештина, но сакав да се подготвиме за Летонија, бидејќи следниот ден немаше време за тоа, а натпреварот беше многу важен – победата значеше дека ќе бидеме први или втори“, се потсети Пешиќ на натпреварот кој ја одреди патеката на Србија на првенството.

Пешиќ додаде дека екипата на денот на натпреварот со Летонија ја погодила веста дека Богдановиќ го завршил настапот на Евробаскетот, а потоа следел мечот против Турција, кој дополнително  и  донесе проблеми на Србија со повреди.

„Стигнавме до натпреварот против Турција и се повреди Аврамовиќ. Аврамовиќ не е Јокиќ ниту Бодирога, но за нас е многу важен затоа што тој е човекот кој ја придвижува одбраната. Тој што сè започнува. Вукчевиќ, резервниот крилен центар, се повреди. Гудуриќ имаше проблем со Ахиловата тетива, и не знаевме дали може да игра – што е речиси најтешко за еден тренер – да не знаеш дали некој може или не може да игра. Еден по еден… По натпреварот против Летонија, Јокиќ и Јовиќ следното утро имаа температура. Многу проблеми“, потсети Пешиќ на синџирот проблеми кои ја следеа Србија за време на турнирот во Рига.

На крај, дојде и кобниот дуел против Финска, која според Пешиќ не е подобра од Србија, но во една утакмица – сè е можно.

„Повеќето луѓе не сакаат да сфатат дека повеќе немаме повеќе талент од другите. Секако дека имаме талент, но не повеќе од другите селекции. И кога ќе се натрупаат сите овие проблеми, кои сакам да ги објаснам без да звучат како изговори… и се појави одличен тим како Финска… Финска не е подобра од Србија – во серија од три или пет победи, ние би победиле. Но во една утакмица – сè е можно“, заклучи Пешиќ, кој од први октомври ја напушти функцијата селектор на репрезентацијата.