„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Google го претстави Pixel 11 и, како и претходните неколку години, тешко е да се најде што е ново на самиот телефон. Екранот е со иста големина. Дизајнот е речиси идентичен со лани. Процесорот е нов – Tensor G6, со 20 отсто подобра енергетска ефикасност и 25 отсто побрзо прелистување. Тоа е тоа од хардверот што се гледа.
Затоа целата презентација беше за Gemini. Вештачката интелигенција на Google сега може да нарача намирници, да резервира превоз или да купи кафе наместо корисникот. Може и да се јави во ресторан за да резервира маса. Google вели дека корисникот може да ја прекине задачата во секој момент и да го прочита преписот од разговорот што го водела машината. Убава заштитна ограда – под услов некој навистина да ги чита тие преписи.
Списокот на апликации што ќе работат со Gemini е долг: Granola, Otter.ai, Wix, Fever, Get Your Guide, Localiza, OpenTable, Ticketmaster, iHeartRadio, Pandora, Angi, Thumbtack, Zocdoc. Забележете што недостига на тој список – речиси ништо што работи во овој дел од Европа. Агентот што ти резервира маса преку OpenTable во Лондон нема на што да се закачи во Скопје. Функциите за нарачување важат засега само за корисниците во САД.
Каде цената навистина се движи
Pixel 11 стартува од 899 долари (околу 830 евра), Pro од 1.099 долари, а Pro XL од 1.299 долари. Google ја крена цената на најскапиот модел за 100 долари во однос на лани и тоа го оправда со поскапување на компонентите. Има и потивок начин на кој цената скокна за сите: базната меморија сега е 256 гигабајти за секој модел. Лани постоеше верзија со 128 гигабајти за сто долари помалку. Таа веќе ја нема. Ако ти требаше поевтиниот телефон, тој едноставно исчезна од понудата, а бројката на етикетата остана иста.
Од камерата има вистински надградби. Зумот на Pro моделите оди од 100 на 120 пати, кај основниот од 20 на 30. Ноќното снимање е 4,5 пати побрзо. Има поддршка за 8K видео и нова функција „Magic Capture” што од стотици фотографии сама го избира најдобриот кадар, го исправа и го подготвува за споделување. Додадена е и функција што преведува знаковен јазик во текст преку камерата – од сето прикажано, ова е единственото што решава вистински човечки проблем, а не проблем што маркетингот го измислил.
Останува прашањето што секој производител на телефони се обидува да го одбегне. Ако хардверот речиси не се менува, а сето ново живее во софтвер што работи преку интернет и на туѓи сервери – зошто човек би менувал телефон секоја година? Google одговара со агент што ти нарачува кафе. Луѓето во Македонија, кои телефоните ги држат по неколку години, најверојатно имаат друг одговор.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.