Skip to content

Поранешниот министер Љупчо Николовски на полициски разговор за јавна набавка од 800.000 евра

1 мин. читање
Сподели

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и вицепремиер за антикорупција Љупчо Николовски бил повикан на службен разговор во Министерството за внатрешни работи. Разговорот се одвил на 7 мај во Единицата за економски криминал и корупција во СВР Скопје – информација која МВР ја потврди откако веќе беше во медиумите.

Според доставените сознанија, Николовски е осомничен за злоупотреба на јавна набавка од над 800.000 евра, во период додека бил министер. Пријавата ја поднеле земјоделци кои тврдат дека им се направени штети при исплатите од програма на Министерството за земјоделство.

Во својот исказ, Николовски се повикал на владина уредба со која му било дадено дискреционо право да одлучува кои земјоделци ќе ги добијат средствата. Класично корупциско оправдување – „имав право да одлучувам сам, и сам решив”. Прашањето кое истражителите сега треба да го одговорат е дали тоа право е било употребено законски или прекршено.

Тајмингот е важен. Уште пред неполн месец, премиерот Христијан Мицкоски рече дека имал „чувство” дека наскоро ќе се гонат поранешни функционери за корупција. „Чувството” сега се претвора во судско-правни процедури. Прашањето кое прв треба да го постави секој граѓанин е – дали ова е почеток на серија, или само еден изолиран случај пред локалните избори?

Со ова, Николовски станува првиот поранешен висок функционер на СДСМ кој оди на службен разговор по политичкото менување на власта. Засега нема реакција од него, ниту од партијата. Тишината во вакви моменти не е знак на чистата совест – тоа е знак на адвокатска тактика.