Три од четири сензори не работеле: жичницата на Водно петнаесет години без вистински сервис
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Има градови што живеат од едно име, а Салцбург живее од две – Моцарт и неговиот фестивал. И баш сега, кога летото е на врв, овој австриски бисер меѓу Алпите се подготвува за најблескавите недели во годината.
Салцбуршкиот фестивал оваа година трае од 17 јули до 30 август, во чест на 270-годишнината од раѓањето на Моцарт. Се смета за најпрестижниот фестивал на класична музика на светот – привлекува околу 250.000 посетители и станува место за средба на славни имиња, светски лидери и културен елит. Основан е во 1920 година како иницијатива за мир по Првата светска војна, а негов симбол е претставата „Секој човек” (Jedermann), што секое лето се игра на плоштадот пред катедралата.
Но Салцбург не е само фестивал. Целиот стар град е под заштита на УНЕСКО, пресечен од реката Салцах и опкружен со алпски врвови. Над него бдее тврдината Хоензалцбург – една од најголемите зачувани средновековни тврдини во Централна Европа, од која се гледа целиот град како на дланка.
За љубителите на Моцарт, градот е поклонение. Родната куќа на композиторот на улицата Гетрајдегасе 9 ги чува неговите лични предмети и документи, а во неговата резиденција на Моцартплац стои оригиналното пијано. Тука е и Моцартеум, конзерваториумот што го носи неговото име.
А кога ќе се изморите од историја, седнете во некое од легендарните кафулиња. Во Кафе Томазели се пие кафе со векови, а во слаткарницата Фирст е родена познатата „моцартова топка” – чоколадна пралина со марципан, ф’стак и лешник. Токму таа е сувенирот што секој турист го носи дома.
Салцбург има и филмска слава. Замокот Леополдскрон, каде всушност е роден фестивалот, се појавува и во култниот филм „Бракот на музиката” (The Sound of Music). За многумина, шетањето низ градот е како да влезеш во сцена од филм – барокни фасади, зелени куполи и планини на секој агол.
Ако барате летна дестинација што спојува природа, историја и врвна култура, Салцбург е тежок за победување. Само имајте предвид – во фестивалските недели градот е полн, а цените скокаат. Но за некои работи, тоа е дел од доживувањето.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од дваесет и пет нови впишувања, пет се природни - и само еден е во Европа. За најбогатиот од нив...
Педесет плажи, над 120 села и патека што Франција ја прогласи за своја омилена. Моне дојде на неколку дена и...
Реставрирани вагони, локомотива што ја викаат Јапонката и повратна карта од 28,95 евра. Она што го продава не е дестинација,...
Двесте и педесет видови дрвја од сите страни на светот, манастир од 1628 и палата што од далеку изгледа како...
Истите места во август чинат повеќе, изгледаат полни и се доживуваат половично. Разликата ја прави календарот, не буџетот.
Бекамови имаат имот таму, Кејт Мос и Елен Деџенерес исто. Но Котсволдс не му треба ниту едно од тие презимиња...
Долу на брегот автобусите се разминуваат со сантиметри и се гледаат само луѓе. Горе, каде Вагнер го напишал вториот чин...
Празни магацини, ниски кирии и еден промотор на недвижности. Модел што го знаеме и без да летаме до Флорида.
Стари работилници на кожари и бојаџии, изградени директно над реката. Од 10 до 13 септември градот пушта чамци и маски...
Албанската ривиера, Црна Гора, Сардинија, Лион и Алгарве. Исто време како во август, помалку луѓе и сметка што одеднаш личи...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.