Skip to content

Училиште во БиХ: целосна забрана за телефони, шминка и енергетски пијалаци – и тоа едногласно

1 мин. читање
Сподели

Основното училиште „Фра Дидак Бунтиќ” во Читлук, Босна и Херцеговина, воведе целосна забрана за мобилни телефони. Но тоа не е се – листата на забрани вклучува и шминка, лак за нокти, бојадисување коса, енергетски пијалаци, алкохол, цигари, е-цигари и несоодветна облека. Одлуката беше усвоена едногласно од Управниот одбор, Наставничкиот совет и Советот на родители.

Стапува на сила со денешниот датум – откако Куќниот правилник беше ревидиран на 27 април. Училиштето го образложи вака: „Да им дозволиме на децата да бидат деца колку се може подолго – здрави, опуштени и неоптоварени со дигитални содржини кои им ги земаат најубавите детски денови.”

Дали тоа ќе функционира? Мобилните телефони се забранети во многу европски земји – Французите го воведоа ова уште во 2018. Резултатите се мешани: учениците ги прикриваат телефоните, родителите се жалат, а некои студии покажуваат скромно подобрување на концентрацијата. Но дека некое училиште во Босна одлучи да го пробa – не е мало нешто. Во регион каде образовниот систем ретко ги следи истражувањата за детско здравје, тоа е храбар чекор. Или барем интересен.