Мицкоски: Реконструкцијата на Владата до крајот на јуни, списокот пред Собранието до 1 јули
20.06.2026
20.06.2026
20.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Археолошкиот локалитет Виничко кале, едно од најзначајните богатства на македонската археологија и дом на прочуените теракотни икони од 5 и 6 век, конечно ќе го добие заслуженото место на светската културна и туристичка мапа.
Министерството за култура и туризам најави дека во 2026 година ќе започне со сеопфатен проект за истражување, заштита, конзервација и ревитализација на локалитетот. Проектот ќе опфати целосна конзервација на објектите и бедемите, структурна стабилизација на загрозените делови и современи археолошки истражувања, со цел долгорочна заштита и достапност на локалитетот за домашната и светската јавност.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при посетата на локалитетот нагласи дека целта е Виничко кале да стане централна точка за културен туризам, научни истражувања и едукативни програми. „Ова не значи само зачувување на наследството, туку и отворање нова перспектива за економски и туристички развој на целиот регион. Локалитетот ќе стане жив културен простор, отворен за сите граѓани, посетители и идни генерации“, истакна Љутков.
Лоцирано на југозападниот брег на градот Виница, покрај Градешка Река, Виничкото кале претставува утврдена населба од неолитот и доцната антика, со градби покрај бедемите од 4 до 6 век, кои се целосно зачувани. Локалитетот бил прогласен за културно наследство со решение од 31 јануари 1955 година, а дополнето во 1992 година. Просторот зафаќа околу 2,5 хектари, со остатоци од населба што се протега и на околните ридови и ритчиња.
Наоѓалиштето било населено во младото камено време, енеолитот, железното време и римскиот период, а животот продолжил и во средниот век. Но, токму теракотните икони, откриени во 1985 година од археологот Цоне Крстевски, го направија Виничкото кале познато низ целиот свет.
Овие керамички релјефи со христијанска тематика и латински натписи се единствени по својот вид и претставуваат врв на македонската археолошка, уметничка и духовна традиција. Изработени се од печена глина со димензии од приближно 30 x 30 сантиметри, а на нив се прикажани сцени од Стариот и Новиот завет.
Во 2017 година, девет од овие икони беа претставени во музејот „Ашмолијан“ во Оксфорд во рамките на меѓународната изложба „Религијата во големите империи“, каде што предизвикаа голем интерес во светската научна и културна јавност.
Со најавениот проект, Виничко кале конечно ќе добие систематска заштита, современа презентација и туристичка промоција, што ќе придонесе да се зачува и афирмира ова непроценливо културно наследство на Македонија.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ги постави роковите за реконструкцијата - но без имиња. Во македонска политика рокот е само половина вест, другата половина...
Снимки покажуваат масовна сеча на Лопушник. Заменик директорот на Македонски Шуми го слави роденденот на настан на ДПМНЕ. Левица бара...
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Ако никој не се занимава со малите шеми, тие стануваат образец. Прашањето е дали постапката ќе заврши со пресуда или...
Како Скопје ќе го пречека маршот утре кажува повеќе за нас отколку за заедницата што марширала.
На 200 метри од табелата на градот, а без вода. Колку долго едно село смее да остане жедно покрај вода?
Кога независна фондација менува план по коментар од официјален Софија, колку навистина е независна?
Зошто е потребна закана за протест за да се спроведе закон што и онака постои? Кога регулацијата важи само за...
Најавена во февруари, плажата веројатно нема да биде готова за ова лето. Пред лежалки и сонцобрани, можеби прво вреди да...