Шеснаесет приведени за едно деноноќие, сите за дрога: МВР работи, но од каде толку луѓе за апсење?
20.09.2026
Граница во живо
Богородица - од грчка страна Евзони - е најголемиот граничен премин меѓу Македонија и Грција и низ него минува најголемиот дел од летниот сообраќај кон Халкидики, Солун и Олимпската ривиера. На оваа страница се камерата во живо од преминот, моменталното време на чекање во двете насоки и прогнозата за наредните седум дена. Бројката се пресметува од повеќе извори и се освежува на околу пет минути, а можеш да видиш точно од што е добиена.
Моментална состојба на границата
Богородица / Евзони, Кон Грција: 20 мин (гужва). Кон дома: 106 мин (голема гужва).
Податоците се од 23:14. Бројката е пресметана од повеќе извори и се освежува на околу пет минути.
· ажурирано · ·
Прогноза од Nakordoni.eu Сè уште нема прогноза за овој ден - пробај подоцна.
Совет:
Се вчитува преносот во живо...
Камерата моментално не е достапна. Провери ја гужвата во живо на картата.
Отвори Google Карти →Се вчитува преносот во живо...
Камерата моментално не е достапна. Провери ја гужвата во живо на картата.
Отвори Google Карти →Се вчитува преносот во живо...
Камерата моментално не е достапна. Провери ја гужвата во живо на картата.
Отвори Google Карти →Фала за пријавата!
Твојата пријава им помага на другите возачи во живо.
Кој граничен премин?
Која насока?
Колку се чека сега?
Пријавите се од корисници и служат како дополнување на официјалните проценки. Една пријава на премин на ~10 минути.
мин
–
Пресметана бројка
Моментално нема доволно свежи податоци за овој премин, па не прикажуваме бројка.
Бројката е пресметана од повеќе извори. Посвежите и подоверливите извори тежат повеќе.
Биометриска контрола (EES)
Од април 2026 на Богородица/Евзони важи новата биометриска контрола (EES) - се земаат отпечатоци и фотографија при првото влегување во Шенген, што го издолжува времето по патник (2-3 минути наместо 20-30 секунди) и редовите знаат да бидат 2-3 часа во шпиц. При најголема гужва Грција повремено ја паузира биометријата за да помине редот побрзо, но сметај дека ќе ти ја земат при првото минување.
Најголемата гужва на Богородица е во петок попладне и сабота наутро кон Грција, кога тргнуваат викенд-патниците, и во недела попладне во спротивна насока кога сите се враќаат. Во јули и август редот наутро меѓу 6 и 10 часот редовно надминува еден час, а при најлошите викенди се чека и по три часа. Најмирно е ноќе, приближно меѓу полноќ и пет наутро - ако можеш да го поместиш поаѓањето за неколку часа, тоа е разликата меѓу пет минути и два часа чекање.
Немаме официјален државен извор за време на чекање - таков во Македонија едноставно не постои. Затоа бројката што ја гледаш е пресметка, не мерење: се комбинираат сензорски податоци за должината на редот, пријави од други патници и податоци за задржување на приодниот пат. Посвежите и подоверливите извори тежат повеќе. Кликни на бројката за да видиш кој извор колку придонел и колку е стар секој податок - ништо не е скриено.
Ако редот на Богородица е долг, има две алтернативи. Стар Дојран е логичен ако патуваш кон Кавала, Тасос или источното крајбрежје - помал премин, обично помал ред. Меџитлија те носи кон Лерин и Костур и е најкорисен ако тргнуваш од Битола или Прилеп. И двата се отворени 24 часа. Провери ги камерите пред да одлучиш, бидејќи разликата меѓу преминот со најмал и најголем ред знае да биде повеќе од еден час.
Зависи од денот и часот. Надвор од шпиц обично 10-20 минути, но во викенд наутро кон Грција и во недела попладне кон дома знае да биде 1-3 часа, особено сега со новата биометриска контрола (EES). На страницава имаш камери во живо и моментално време на чекање.
Богородица е главниот и најбрз за Солун, Халкидики и Атина, но и најнатоварен. Кога е во голема гужва, Стар Дојран е добра алтернатива за автомобили (помалку камиони) за источниот брег и Солун. Меџитлија е за западна Грција и ако тргнуваш од Битола.
Треба пасош. Грција е во Шенген, па личната карта НЕ е доволна за влез. Со важечки биометриски пасош може да останеш до 90 дена без виза.
Цената е регулирана и иста кај сите осигурителни - зависи од киловатите и од траењето. За автомобил до 66 kW е ~1.850 ден за месец или ~3.690 ден за година; над 66 kW ~3.075 ден за месец или ~5.536 ден за година. Најкус рок е еден месец (нема 15-дневна опција). Се вади однапред кај твојата осигурителна - НЕ сметај на купување на граница, таму нема шалтер за излез кон Грција и без зелен картон грчките служби може да те вратат.
Ако редот тука е долг, провери го и Дојран - помал премин кон Кавала и Тасос, каде обично се чека помалку.
Водичот е ажуриран за сезона 2026.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.