Skip to content

Обиколница на Солун

Обиколница Солун: сообраќај во живо и работи

Секое лето патот за Халкидики, Пиерија или Кавала минува покрај Солун - а во 2026 обиколницата (периферна) е големо градилиште. Се гради надвозникот „Flyover", па има ноќни и викенд затворања и сезонска гужва. Тука гледаш сообраќај во живо, кога обично е најголема гужва и кои се трите начини да минеш или целосно да го заобиколиш Солун.

Се отвора
14.05.2027
Завршено
~60%
Должина
13 km
Надвозник
4 km
Вредност
~520M €

Сообраќај во живо на обиколницата Во живо

Колку се вози сега низ обиколницата, во споредба со вообичаеното за ова време од денот - реален податок од официјалната платформа на ИМЕТ. Подолу мапата го покажува правецот од границата кон Халкидики со сообраќајот во живо.

00h06h12h18h23h

Типично за сезоната

Изведено од официјалните мерења на ИМЕТ (просечно време по час) - не е жив податок.

00h06h12h18h23h
Слободно Гужва (~25% побавно) Голема гужва (2× побавно) Нема податок Сега

Најдобро:

„Во живо денес" се пополнува час по час од официјалната платформа Flyover на ИМЕТ/ЕКЕТА (се освежува на неколку минути). „Типично за сезоната" е изведено од истите официјални мерења - просечното време на возење по час.

Два правци покрај Солун

Префрли „Кон Грција / За дома" за да го смениш правецот на двете мапи и земи го побрзиот за моментот.

A А: Низ обиколницата
Отвори А во Google Maps →
B Б: Низ град (преку Егнатија)
Отвори Б во Google Maps →

Најнови затворања и работи

Автоматски преведено од грчки извори. Кликни на вест за повеќе.

Каква е состојбата со Flyover

Состојба за лето 2026: надвозникот „Flyover" е завршен околу 60% и се отвора на 14 мај 2027. До тогаш има повремени затворања - речиси сите денови ноќе (23:00-05:00) или преку викенд, најчесто во насока кон Халкидики и аеродромот.

Низ 2026 имаше неколку 48-часовни викенд-затворања на јазолот Пилеа-Панорама заради рушење мост, и серии ноќни затворања меѓу јазлите Евкарпија и Метеора. Затворањата секогаш се означени со привремена сигнализација и обиколен правец низ градот.

Пред да тргнеш провери ги најновите вести за затворања подолу - распоредот се менува од недела во недела. Ако патуваш ноќе или во недела навечер, смета на можен обиколен правец низ Солун.

Чести прашања

Дење обично не многу - и двете ленти се отворени и сообраќајот тече, со повремени намалувања на брзината заради работите. Гужва има во шпиц (наутро 07:00-10:30, попладне 15:00-19:00) и сабота наутро околу 10:00 кон Халкидики. Најголемите застои се при ноќните и викенд затворањата, кои се означени со обиколен правец.

Две опции: ако веќе си кај Солун, заобиколи преку патот кон аеродромот и јужните излези. Ако сакаш воопшто да не влезеш во градската гужва, премини преку Стар Дојран и оди Геракару - Загливери - Полигирос кон Халкидики (околу 2,5 часа до Никити). Втората е подобра за викенд-врвовите.

Кон Грција - мини пред 07:00 или по 19:00, и избегни сабота наутро. За дома - избегни го попладневниот шпиц 15:00-19:00 и недела навечер. Раното утро и доцната вечер се речиси секогаш слободни во двете насоки.

Мапата на оваа страница ти го покажува сообраќајот во живо од Google. За официјален податок отвори ги Flyover во живо (IMET) и TrafficThess - покажуваат гужва и време на минување, се освежуваат на 15 минути. За најави за затворања следи ги вестите (ypodomes.com).

Планираш одмор во Грција со кола? Прочитај го целиот водич - плажи, цени, граница во живо, документи и калкулатор за трошокот.

Целиот водич за Грција со кола →

Водичот е ажуриран за сезона 2026.