Skip to content

САД во тајни преговори со Данска: три воени бази на Гренланд како американска суверена територија

1 мин. читање
Сподели

Гренланд повторно е во американските насловни вести – и оваа пат не како твит. САД и Данска во моментов тајно преговараат за проширување на американското воено присуство на островот, според BBC. Преговарачите се сретнале најмалку пет пати од средината на јануари.

Барањето на Вашингтон – три нови воени бази во јужниот дел на Гренланд. Полу-автономна данска територија. Дипломатскиот напор е директен одговор на кризата што Трамп ја создаде во јануари, кога изјави дека САД треба да го „поседуваат” Гренланд за да не падне во рацете на Русија или Кина. „Може полесно, може потешко”, беше неговата позната формула.

Белата куќа потврди дека има високо-нивоски разговори со Гренланд и Данска, без детали. Министерството за надворешни работи на Данска признава „активен дипломатски канал”, но и одбива јавни објаснувања. Преку службено непишано правило: некои нешта се решаваат подобро со потпис, а не со микрофон.

Што бараат американските преговарачи? Според извори блиски до разговорите, трите нови бази треба да бидат прогласени за американска суверена територија. Тоа не е „заедничка база”. Тоа е парче од Гренланд кое функционира под американски јурисдикции, со американски закон. Една од локациите вероватно ќе биде Нарсарсуак, поранешна американска воена база со постоечка авионска инфраструктура.

Тоа не е сосема ново. За време на Студената војна САД имаа 17 воени инсталации на Гренланд. Денес работи само една – Питуфик во северозападниот дел, која служи на NORAD системот за рано предупредување. Од 17 на 1, и сега назад кон 4. Тоа е циклус кој зависи од тоа кој се перцепира како закана.

Преговорите ги води Мајкл Нидам од Стејт департмент, со балансирање меѓу амбициите на Трамп и резервите на Данска. Иронија – специјалниот пратеник на Трамп за Гренланд ретко присуствува на самите средби.

Балканска перспектива – кога голема сила бара „бази”, тоа никогаш не е само за бази. Тоа е територијална амбиција со официјален печат. Балканот тоа го знае од Кампо Бондстил и Босна. И секогаш кога ќе се потпише, локалното население е последно што го дознава за она што му го прави државата.