Skip to content

Љубовна расправија во Карпош завршила со напад и оштетени возила

1 мин. читање
Сподели

Љубовна расправија во скопскиот Карпош прераснала во инцидент со оштетени возила и физички напад, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, 44-годишен маж од тетовско во полиција изјавил дека неговата партнерка со автомобил удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет ги пробила гумите и физички го нападнала.

Инцидентот се случил на 16 октомври околу 19 часот, а случајот бил пријавен неколку часа подоцна — во раните утрински часови на 17 октомври.

Од МВР потврдија дека случајот е пријавен и се преземаат мерки за негово целосно расчистување и документирање.