Таксиметри диво штелувани, возење без лиценци: и самите таксисти бараат ред во скопскиот хаос
15.06.2026
15.06.2026
15.06.2026
15.06.2026
15.06.2026
15.06.2026
14.06.2026
15.06.2026
15.06.2026
15.06.2026
15.06.2026
14.06.2026
13.06.2026
15.06.2026
15.06.2026
15.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Понекогаш најголемите кралски љубовни приказни почнуваат на најобично место – на аеродром. Така почна и приказната за Нур и кралот Хусеин од Јордан, една од оние венчавки што и денес, скоро половина век подоцна, се памети по својата едноставност, не по раскошот.
Родена како Лиса Наџиб Халаби во Вашингтон во 1951, со потекло сириско, шкотско, англиско и шведско, таа студирала архитектура на Принстон пред да се пресели во Аман и да работи за арапска авиокомпанија. Кралот првпат го сликала на аеродром во 1976. Се запознале на отворањето на меѓународниот аеродром „Кралица Алија”, пријателството прераснало во љубов, а на 13 мај 1978 Хусеин ја запросил. Точно еден месец подоцна се венчале. Таа примила ислам и го зела името Нур ал-Хусеин – „светлината на Хусеин”.
За венчавката, Нур носела едноставен свилен фустан од Dior – бел, со набрани ракави и без шлеп – иако таа првично сонувала за поопуштен, бохемски стил. Косата ја врзала во полусобран природен стил, со венец од цвеќе и едноставен тенок вел. Најинтересен детаљ беа чевлите: бидејќи била пет сантиметри повисока од Хусеин, потпетиците биле невозможни, па еден обувар од Бејрут ѝ направил рамни чевли што стигнале дури утрото на свадбата.
Самата церемонија во палатата Захран траела само пет минути. По муслиманска традиција, Нур била единствената жена присутна, а сведоци биле двајцата браќа на Хусеин и нејзиниот татко. Не добила титула принцеза – станала директно кралица, прва Американка кралица на арапска нација. По обредот следувал прием за над 500 гости. Бракот траел до смртта на Хусеин од рак во 1999 и родил четири деца. Скептицизмот на конзервативното општество таа го победила бавно, со години посветеност – доказ дека и кралските бракови понекогаш почнуваат како обична љубов и се докажуваат дури со време.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Лицето го мачкаме со креми, а вратот го прескокнуваме. Подобро е да почнеш рано отколку да жалиш доцна.
Удобен, евтин, трае со години и оди со сè. Најдобрите модни решенија често се најстарите.
Ел Мекферсон ја изгоре својата, Кејт Мос го рехабилитираше Галијано. Стилот не е во цената, туку во тоа што кажува...
Кремаст формат наместо прав, и точно знаење каде сонцето паѓа. Помалку производ, поприроден резултат - ретко модата дава таков совет.
Лесно платно наместо лепливо дениминско. Трикот што бабите го знаеле пред редакциите да го спакуваат како тренд со цена.
Марта Ортиз направи свадба што ги пишува своите правила - месечина од светлина, оранжови скулптури и панк естетика врз висока...
Богатото кафено бара помалку одржување и дава поздрав изглед - крај на трчањето во салон на секои три недели.
Стилистите го откриваат летниот тренд што изгледа како накит, а нашите баби го носеле без никој да го нарекува мода.
150 гости, накит од Tiffany и три креации за еден ден - но во основата седи најевтиниот почеток. Понекогаш зад...
Раскошните брановидни кадрици од Супербоул дојдоа од погрешен виклер зграпчен во нервоза. Зад нешто што изгледа лесно и природно, обично...