Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Патот кон Теферич распука во февруари – само пет месеци откако беше саниран кон крајот на септември 2025. Во март дополнително се оштети. Денес местото изгледа застрашувачки: улицата Мариовска, во должина од седумдесетина метри, се излизгува надолу и дупката од ден на ден станува поголема.
Пет месеци од нов асфалт до свлечиште. Тоа е рокот на траење.
Сега, пет месеци по распукувањето, стигна и првата вистински конкретна мерка: на владина седница е донесена одлука со која целокупниот проект го презема Министерството за транспорт и врски.
Образложението што кажува повеќе отколку што сака
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски беше директен за причината: „Патот за Теферич е еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите коишто ги имаат Општина Кисела Вода и Град Скопје.“
Значи државата признава дека главниот град и една од неговите најголеми општини немаат капацитет да решат свлечиште на седумдесет метри пат. Не автопат низ планина – седумдесет метри општинска улица.
Тоа е реченица која заслужува да се врами. Не поради Николоски, кој едноставно го кажа она што сите го гледаа со месеци, туку поради тоа што ја опишува состојбата на локалната самоуправа поточно од кој било извештај.
Што направи општината во меѓувреме
Од февруари до јули, единственото што успеа да го направи Општината во врска со овој проблем беше да натрупа земја и сено со што се обиде да го запре сообраќајот по опасниот коловоз.
Земја и сено. Пет месеци. Против свлечиште за кое Градежниот факултет во својот извештај и мислење оценил дека свлекувањето на локацијата е агресивно и има нагон да се проширува – што и се потврди.
Движењето е забрането за возила, но според сликата на лице место не е безбедно ниту за пешаци. А свлечиштето се наоѓа на околу 85 метри висинска разлика над Домот за лекување зависности во Кисела Вода.
Кој останува без пат
Овој пат не е кратенка за неколкумина. Го користат жителите на Сопиште, Горно и Долно Соње – клучна делница за голем број население и за возилата што редовно циркулираат оттаму. Тие пет месеци не читаа извештаи, тие возеа наоколу.
Роковите, за да имаме за што да прашаме
Николоски соопшти дека веќе е изработен проект за стабилизација и санација, и дека очекува тендерот за избор на изведувач да биде распишан веднаш следната недела. Изборот на изведувач се очекува во рок од 30 до 45 дена по завршување на постапката, а санацијата треба да заврши пред почетокот на зимата.
Тоа се конкретни рокови и тоа е добро – конкретните рокови се единственото нешто што подоцна може да се провери.
Затоа вреди да се запишат: тендер – следната недела. Изведувач – за месец до месец и половина. Готов пат – пред зимата.
Претходниот асфалт издржа пет месеци. Овој пат проектот вклучува стабилизација на самото свлечиште, што е разликата меѓу поправање на симптомот и поправање на причината. Ако и оваа санација биде само нов слој врз земја што се движи, во февруари повторно ќе читаме дека проблематиката ги надминува ничии капацитети.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.