„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
AMD конечно го покажа она што со месеци го најавуваше – систем наречен Helios, наменет да ги напојува најголемите вештачки интелигенции на планетата. И со тоа директно удри во бизнисот што со години го држи речиси сам Nvidia: продажбата на чипови за големите ВИ лаборатории, каде парите се вртат во милијарди.
На конференцијата во Сан Франциско, извршната директорка на AMD, д-р Лиса Су, го претстави Helios како „најмоќниот ВИ систем” во индустријата, изграден да ги тренира „најбарателните модели во светот во огромен размер”. Тоа не е телефон и не е лаптоп – тоа е цела полица со процесори собрани во една единица, каква што стои во дата центрите и денес и ноќ пресметува. Според изнесените мерења, Helios во неколку тестови ја надминува најновата полица на Nvidia.
Кој веќе стои во редот? Имињата се токму оние што ги очекувате: OpenAI, Meta, Oracle, Anthropic и Microsoft. Извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, објави дека Azure ќе се прошири со Helios, а Anthropic и AMD склучија договор за распоредување на до два гигавати графички процесори. Два гигавати – тоа е струја колку за еден среден град, потрошена за да мисли машина.
Токму тука е поентата што вреди да се задржи. Су прогнозира дека до 2030 година пазарот на ВИ чипови ќе достигне 1,4 трилиони долари – речиси колку целата денешна индустрија за полупроводници. „До крајот на децениумот пазарот на ВИ забрзувачи ќе се приближи до големината на целата денешна индустрија за чипови”, рече таа. Со други зборови: една индустрија што денес ја познаваме сакаат да ја удвојат за пет години, а храната за тој раст е струја, вода за ладење и капитал.
За обичниот читател приказната изгледа далечна – две американски фирми се расправаат кој ќе продаде поскапи чипови. Но битката меѓу AMD и Nvidia не е за инженерство, туку за тоа кој ќе го наплаќа влезот во ВИ ерата. Досега Nvidia седеше сама на таа наплатна рампа. Ако Helios навистина работи како што ветува Су, за прв пат има втор играч што може да го смени тонот на преговорите. А кога има двајца продавачи наместо еден, обично сите освен продавачите добиваат нешто.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.