Е-индексите на УГД пет години се „поправале“ за пари: притвор за двајца вработени
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека уставни измени какви што ги бара Бугарија нема да дозволи да се случат во оваа форма, но дека разговорите продолжуваат. „Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога”, изјави тој.
Најсилниот дел од неговиот настап не е одбивањето, туку аргументот со кој го образложува. Мицкоски отвори прашање што досега ретко се поставуваше толку директно во преговорите со Софија – прашањето за реципроцитет.
„Ние сме свесни што договорила таа некоја претходна Влада, но исто така во Бугарија некоја претходна Влада договорила нешто коешто се вика почитување на човекови права”, рече премиерот. И додаде дека имаме дузина пресуди од Судот за човекови права во Стразбур во врска со македонската заедница во Бугарија – да се почитуваат нејзините права, да се дозволи регистрирање клубови и организации. Тоа, вели, не се почитува, а од нас се бара да го почитуваме своето.
„Тоа се вика булинг и тоа нема никаква врска со Копенхашките критериуми, ниту пак со вредностите на ЕУ дефинирани од Шуман, Дегаспери и Аденауер”, изјави Мицкоски.
Реченицата што ја носи целата приказна
Најдобрата слика во целото гостување е кулинарска. „Ова не е шведска маса, па ова ми одговара, тоа не ми одговара, ова ќе си го земам, тоа ќе го оставам. Не, ова се принципи. Колку си играте со принципите, толку тежите како човек.”
Потоа доаѓа делот што секој граѓанин на оваа земја може да го провери сам, без анализи. Го сменивме уставното име. Го сменивме знамето. Менувавме банкноти. Го менувавме Уставот неколку пати. Мицкоски потсети дека му велеле – само сменете го името и веднаш потоа влегувате во НАТО, ги почнувате преговорите и за четири-пет години сте членка на ЕУ.
„Тие 4-5 години поминаа пред 3 години, а ние сме уште на истото место кај што бевме пред да го смениме уставното име”, рече премиерот.
Тоа е реченица што ниту еден противник во оваа земја не може да ја обори со факти, бидејќи е аритметика, а не политика. Прашањето кое останува висе е друго и е поставено кон истата таа Влада: ако времените решенија се одбиени, а условот не се менува, што точно е планот покрај чекањето? Мицкоски вели дека ќе разговара кога на маса ќе има решение што нè носи внатре, а во меѓувреме ќе се работи на реформската агенда.
Тоа е позиција што се брани логички. Но реформската агенда е нешто што и онака треба да се спроведува, со Софија или без неа. И граѓанинот кој ја чека таа агенда во болница, во суд или на шалтер, ќе ја оценува Владата токму по неа – не по тоа кој кому му рекол булинг.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Корупцијата е распространета, изборните реформи стојат, а за Уставот „не биле направени обиди“. Меѓу сето тоа, Брисел нашол место и...
Опозицијата го обвинува министерот за локална самоуправа за величење осуден воен злосторник, врски со српски разузнавачки структури и закани кон...
ДУИ ја зеде Брвеница, а за ВМРО-ДПМНЕ резултатот е „повеќе од одличен“ - иако и коалицискиот партнер ВЛЕН се најде...
Правилата се добри, службите не соработуваат, па да ги избришеме правилата. Опозицијата прашува зошто Советот за координација не се состанал...
Опозицијата најавува интерпелација и бара истрага, гувернерот одговара со „Јасно е сега?“. До кога важи лимитот, сè уште не е...
Мицкоски брои 1.200 гласа раст од првиот круг, но Брвеница ја нема. „Сами против сите“ звучи добро додека не се...
Опозицијата тврди дека предупредувала со месеци, премиерот се потпре на контролите на Народната банка. Некој ја процени банката што влезе...
На 1 ноември Софија го бира шефот на државата. На дебатата се водеше кавга за тоа кој ги заслужува заслугите...
На завршниот митинг зборуваше за обединување и за институции што му служат на граѓанинот. Потоа од бината ги посочи судиите...
Архиереј на телевизија ѝ посака на една партија долговечност на доживотен претседател и ги обвини новинарите за финансиски интерес. Имиња...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.